ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Предлог на Русија за капитулација на Украина? Што пишува во рускиот меморандум

June 3, 2025 03:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Руската агенција Тасс го објави текстот на рускиот меморандум за „регулирање на украинската криза“, кој изгледа како предлог за капитулација на Украина.

Се бара меѓународно-правно признавање на Крим, ЛНР, ДНР, Запорошката и Херсонската област како делови од Руската Федерација и целосно повлекување на украинската војска и другите воени формации на Украина од тие територии.

Се бара целосна воена неутралност на Украина, како и забрана на воени активности на други држави на територијата на Украина, вклучувајќи забрана за странски воени бази и инфраструктура. Оваа неутралност и забрана за присуство на војски на трети земји мора, според руското барање, да се одржи и во иднина и подразбира и забрана за склучување какви било меѓународни договори кои би го прекршиле тоа.

Тоа значи дека не се можни ниту странски набљудувачи ниту мировници.

Понатаму се бара Украина никогаш да не развие ниту нуклеарно оружје ниту какво било друго оружје за масовно уништување, ниту да дозволува негов транзит преку својата територија.

Предлогот подразбира и ограничување на бројноста и типот на вооружување на самата украинска војска.

Во предлогот за примирје се бара и прогласување на рускиот јазик за официјален јазик во Украина, заедно со обезбедување на правата, слободите и интересите на руското население и населението што зборува руски.

Понатаму се бара забрана на „хероизација и пропаганда на нацизмот и неонацизмот“ и распуштање на сите такви организации.

Русија исто така бара Украина да ги укине сите санкции што ги вовела кон Русија и да не воведува нови. Украина би морала и да се откаже од барањата за репарација, да ги укине ограничувањата кои се однесуваат на Руската православна црква во Украина и постепено да воспостави дипломатски и економски односи, вклучувајќи и транзит на гас преку својата територија.

Во предлогот Русија не наведува ништо на што би се обврзала.

Во понатамошниот текст на предлогот се наведени две варијанти како услов за прекин на огнот. Според првата, Украина, за да добие прекин на огнот, мора да почне да ја повлекува својата војска од територијата која Русија си ја впиша во Уставот: ДНР, ЛНР, Запорошка и Херсонска област.

Втората варијанта е посложена и се состои од десет точки.

Според таа варијанта, Украина би престанала да ја поместува својата војска, освен во правец на повлекување, да прекине мобилизација и да почне демобилизација, во Украина да престане да пристигнува оружје од странство, сите странци и воени советници да се повлечат од Украина.

Украина би морала да гарантира и дека ќе престане со диверзантски операции на територијата на Руската Федерација. Русија предлага да се формира билатерален центар за мониторинг и контрола на прекинот на огнот, „политичките затвореници“ да се ослободат и во Русија и во Украина. Во рамките на таа варијанта, Русија бара Украина да ја укине воената состојба и по најмногу 100 дена од укинувањето на вонредната состојба да спроведе претседателски и парламентарни избори. И на крајот да потпише Согласност за исполнување на сите услови кои се наведени како главни услови за примирје.

На крајот, Русија предлага, откако ќе почне да се работи на договор, да се објави две до тридневно примирје, телата на загинатите да се довезат до „сивата зона“, и предлага да предаде 6.000 тела на украински војници. Кога Украина ќе го потпише Меморандумот со конкретни датуми за исполнување на сите точки и ќе почне да ја повлекува својата војска, Украина може, според рускиот предлог, да смета на 30 дена прекин на огнот, за кое време мора целосно да ги повлече своите војници на растојанија од границите на Русија кои ќе бидат договорени.

Ова практично значи дека Украина би морала да ја повлече војската подалеку од административните граници на областите кои сега Русија ги смета за своја територија.

Според Русија, договорот за конечно регулирање би бил потпишан по сето тоа и откако ќе се одржат избори во Украина. Русија сака договорот потоа да биде одобрен од Советот за безбедност на Обединетите нации со обврзувачка резолуција.

Извор: Н1

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: капитулацијамеморандумРусијаУкраина

НАЈНОВО

Максим Димитриевски повторно кандидат за градоначалник на Куманово

June 6, 2025
Украина, 6 јуни 2025 (извор: ДСНС Украина)

Единствениот „аргумент“ на Русија е теророт: Ноќниот ракетен терор убива цивили низ цела Украина

June 6, 2025

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос за 40 минути ќе се патува од Ресен до грчка Преспа

June 6, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk