ФИЛИПЧЕ: Во последните 24 часа регистрирани се 25 нови случаи, со што кај нас до денес има 354 евидентирани позитивни на корона вирус. До сега кај нас направени се 3775 тестирања.
ПРЕКУ видеоконференција утре ќе се одржи првиот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, на кој полноправно ќе учествува и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.
НЕ се разговара за целосно укинување или стопирање на проектот Мој ДДВ, сите граѓани што скенирале сметки ќе си ги добијат назад средствата, порача денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
УНИВЕРЗИТЕТСКАТА клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје денеска информира дека добила донација на медицинска опрема во болнички кревети и останат медицински мебел во висина од 1,5 милиони денари од Кочо Анѓушев за еден кат од одделот за абдоменална хирургија.
ВО рамките на мерките за превенција на Владата, општина Аеродром и градоначалникот Марин, најавија дека од општината ќе им бидат обезбедени компјутери на оние ученици кои спаѓаат во социјално разнливите категории.
ОСНОВНОТО јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, според Кривичниот законик.
ЕКСПЕРТ ангажиран од Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) до крајот на мај треба да изготви анализа за примената на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, со посебен акцент на релевантните меѓународни документи и анализа на јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур.
ГРАЃАНИТЕ ќе имаат бесплатен електронски пристап до објавените Уредби со законска сила во „Службен весник на Република Северна Македонија“ за време на вонредната состојба, информираат од ЈП Службен весник на Република Северна Македонија.
ИМА дополнителни расходи што се непродуктивни и ќе се кратат, покрај намалувањето на платите на функционерите и укинувањето на надоместоците за членовите на управни и надзорни одбори кои имаат приходи од друго место, најави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
РИБАРО: Мицковски се извини – навистина се извини?!
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на бугарскиот Парламент, Цвета Карајнчева вечерва соопшти дека еден пратеник е позитивен на корона вирус.
ИМАМЕ дополнителни респиратори, што ги одобри ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на „Тесла“. Трошоците за уредите и испораката се бесплатни, напиша на Твитер Илон Маск, извршниот директор на компанијата.
ВО кинескиот град Вухан, каде во декември изби првото жариште на корона вирусот, жителите полека излегуваат од домовите, со желба сами да купат свежи намирници по повеќенеделен живот во изолација, кој подразбирал и достава на храна.
ШВЕДСКА е една од ретките европски држави што има различен пристап кон корона вирусот. Земјата досега нема ниту една забрана или рестрикција за движење на нејзините граѓани, границите се отворени, голем број фирми работат, јавниот транспорт функционира нормално, трговските центри и рестораните се отворени, а работат и училиштата и градинките.
СЗО ќе ѝ додели помош на Северна Кореја од 900.000 долари во борбата против ширењето на новиот корона вирус.
ПРЕТСТАВНИЦИ на Парламентарното собрание на ОБСЕ за човекови права денеска оценија дека давањето вонредни овластувања на унгарската Влада за време на пандемијата на корона вирусот, без поставување краен датум на траење, е „опасен чекор кој ја поткопува демократијата во таа земја“.
ТЕКСТОТ за помор на врапчињата, се повикува на фејсбук-група до која патем нема ниту линк. Притоа во текстот се прикажани фотографии од помор на врапчиња, за кои дури нема ни доказ дека се направени во Македонија, пишува „КриТинк“.