ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

June 12, 2025 12:40
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Новиот Гувернер на Народната Банка, Трајко Славески во емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 истакна дека се извртело значењето на минималната плата. Според него, таа не гарантирала дека може да се издржува 4-члено семејство.

„Го извртевме значењето на минималната плата, во светот таа не гарантира дека може да се издржува 4-члено семејство. Јас сум работел за минимална плата во САД, во Бостон, во супермаркет додека студирав. Се знае каков стандард можете да обезбедите со тоа, и тие што земаат минимална плата работат по 2-3 работи. Би порачал во одреден период во животот, тоа не е срамота, како дополнителна работа може да работи за минимална плата, но трудете се никогаш повеќе, според своите квалификации, да не се најдете во ситуација да барате минимална плата“, вели Славески.

Гувернерот Славески си ја бранеше платата, и истакна дека е некоректно и мизерно прашањето на новинарката за неговата плата од 3.000 евра, додека граѓаните зимаат минимална плата од 400 евра.

„Вашето прашање не е коректно. Јас имам 40 години работен стаж, а инвестиции од основно до докторат, а гладување на Запад, со 500 долари стипендија треба да го поминам месецот итн., за тоа никој не ме прашува. Тие споредби е такво левичарење, поставување на вакво прашање, тоа е толку некоректно и мизерно, така што не треба да биде предмет на дискусија“, истака тој.

Од СДСМ велат дека Трајко Славески со платa од 3.000 евра им порачува на граѓаните да работат по три работи. Во своето срамно интервју на ТВ21, Славески изјави дека минималната плата не гарантира пристоен живот и дека „не е срамота да се работи по две-три работи“. Тоа е лицемерие на човек кој цел живот е во фотелји, земал плата над 3000 евра, и сега ги поучува граѓаните дека не треба да очекуваат повеќе – туку да се распарчуваат на три фронта за да преживеат.

„Новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески, уште на почетокот го покажа својот вистински лик – надмен, без допир со реалноста и на страната на крупниот капитал, а не на граѓаните. Славески очигледно не знае дека не се сите како него. Не се сите на државна плата, не се сите родени со функција и поврзани со елитата. Народот што секој ден се бори со инфлација, со скапа храна, со растечки трошоци, не може да живее од советите на Славески. На граѓаните им треба реална плата и заштита од кражбата на маркетите“, велат од СДСМ.

Д. Муратов / Цивил Медиа

Next Post

Мицкоски: Расте бројот на странски туристи во вториот квартал

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk