МИНИСТЕРОТ за надворешни работи Никола Димитров денеска ја претставуваше Република Северна Македонија за првпат како полноправна членка на НАТО, на состанокот на Северно-атлантскиот совет во формат на министри за надворешни работи. Состанокот, заради рестрикциите со пандемијата COVID-19, се одржа преку видео конференција.
ЗАЕВ на Канал 5: Да не заборавиме од каде тргнавме и какви резултати имаме за 2 години и 10 месеци.
ТРЕБА сите ние, да поставиме рамо и заедно солидарно да ја надминеме кризата со која се соочуваме. Тоа има свој дух, придонесува за зближување на нацијата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното гостување на телевизијата Канал 5.
МИНИСТЕРОТ Филипче информираше дека одобрен е пристап до Европскиот солидарен фонд, што значи дека рамноправно со сите европски земји ќе учествуваме во заедничките постапки за набавка на материјали и апарати.
ПРЕД 28 години, на денешен ден, 2-ри април 1992 година, донесен е првиот буџет на независна Република Македонија. Министер за финансии бил Методија Тошевски. Првиот буџет тежел 75,9 милијарди југословенски динари или во денешна вредност, станува збор за околу 1,2 милијарди евра.
ТРИНАЕСЕТ партии членки на Европската народна партија, најголемото политичко семејство во ЕУ, денеска повикаа на исклучување на Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, јави дописникот на МИА.
СПОРЕД најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.002.251 лицa заразени со корона вирус.