ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска за Цивил: Одбраната не е само оружје, туку стратегија за развој и безбедност – 5% од БДП е шанса, не товар

June 27, 2025 18:04
in АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ Медиа започна серијал на тема – „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и  единството на Алијансата во претстојниот период.

Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ Медиа ги сподели пратеничка на СДСМ, Славјанка Петровска, која беше министерка за одбрана во периодот 2022 – 2024 година. Таа вели дека паметна одбрана значи вложување и во економијата, индустријата и отпорноста на државата. Таа е децидна дека инвестициите се можност за вмрежување со стопанството и науката – не оптоварување за буџетот. Додава дека скептиците згрешија, а Македонија има историска шанса преку паметна стратегија да добие повеќе од секогаш.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА: Алијанста и понатаму се соочува со продолжената руска агресија врз Украина, за што повторно се согласија за континуирана и засилена поддршка за Украина, но и предизвиците кои ги носи развојот, а тоа се хибридните и сајбер заканите. Перспективите се дека токму преку одговор на предизвиците или заканите, Алијансата продолжува да ги зајакнува одбранбените капацитети со тоа исполнувајќи ја својата мисија за одвраќање и одбрана. Завршната декларација, прифатена од сите членки потврдува дека Алијансата продолжува посилна и пообединета да одговори на предизвиците кои ги имаме и како земји членки, но и како Алијанса. Не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. Премногу е вложено во Алијанста и политички и воено за да некој може да поверува во такви сценарија. Како човек кој верува во принципите на Повелбата за основање на Алијансата, задоволна сум од усвоената Декларација и поставените приоритети.

ЦИВИЛ МЕДИА: Со кои предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година?

ПЕТРОВСКА: Кога ќе кажеме 5% од БДП, веднаш гледаме стотици милиони евра и веројатно некој ќе негодува и ќе помисли дека тоа е невозможно, или пак тешко за постигнување. Јас во тие 5% не гледам оптеретување на македонскиот буџет и економија, туку можност, шанса да се направи сериозно подобрување во повеќе области. Затоа што веќе одамна, кога зборуваме за одбрана не зборуваме само за воена опрема и вооружување, туку зборуваме за паметна одбрана. Тоа е концепт, стратегија чија цел е да се максимизира ефективноста на одбранбените капацитети преку градење и користење на ресурсите и да се зголеми соработката со останатите земји членки, преку заедничко развивање на капацитети. И за ова ни треба наша, национална стратегија која може да биде одлично подготвена и реализирана ако се ангажираат човечките капацитети во Армијата и Министерството за одбрана, но и се продолжи т.н коалиција или соработка со бизнис заедницата, со граѓанските организации и академската заедница, која беше воспоставена во 2022 во Министерството за одбрана и чија цел беше националните документи за одбраната да бидат создадени преку интер-секторска соработка.

Ако се има предвид она што е усвоено во завршната декларација ќе видиме дека тие 5% се всушност 3,5% за чисто воена опрема и капацитети и 1,5% за заштита на критичната инфраструктура, градење на цивилна отпорност и подготвеност, иновации и зголемување на воените индустриски капацитети.

Сега е на ред Владата, да покаже политички и демократски капацитет овие 5% инвестиции во одбраната, да ги претвори во добивка за државата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Дали по овој самит може да се очекува поголемо единство на Алијансата во претстојниот период?

ПЕТРОВСКА: Завршната декларација, прифатена од сите членки потврдува дека Алијансата продолжува посилна и пообединета да одговори на предизвиците кои ги имаме и како земји членки, но и како Алијанса. Не се остварија очекувањата или „предвидувањата“ на некои скептици кои пред неколку месеци „предвидуваа“ крај на Алијансата. Премногу е вложено во Алијанста и политички и воено за да некој може да поверува во такви сценарија. Како човек кој верува во принципите на Повелбата за основање на Алијансата, задоволна сум од усвоената Декларација и поставените приоритети.

Дехран Муратов / ЦИВИЛ Медиа

Tags: НАТОПетровскаЦИВИЛ Медиа
Next Post
фото: МИА

Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава

Најново

Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - Камен мост

Дневен хороскоп со Анаис за 7 мај 2026: Време е за конечна реализација

May 7, 2026
Фото: ФБ страница на Џорџа Мелони

Лажна фотографија од Мелони во долна облека се шири на интернет, премиерката со реакција – ме разубавиле

May 6, 2026

СДСМ тврди дека Мицкоски бега од истраги и ќе спроведе предвремени избори, премиерот најавува редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски: Кај многумина има страв од избори, но тие ќе бидат редовни во 2028 година

May 6, 2026
Фото: Град Скопје

Ѓорѓиевски: Завршија експропријациите, мостот „Генерал Михајло Апостолски“ за 60 дена се става во целосна функција

May 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk