ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Кос: Европа не може да биде обединета без Западен Балкан

July 1, 2025 11:45
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Скриншот

Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Првпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан, им порача еврокомесарката за проширување, Марта Кос на лидерите на земјите од Западен Балкан денеска во Скопје.

Таа истакна дека за Европската унија значаен е проектот за градење на независна Европа, Европа во која граѓаните одлучуваат за нивната иднина. Но, какошто рече Кос за да се реализира ова треба да се зајакне конкурентноста, да се брани демократијата од надворешни непријатели, во свои раце да се земе безбедноста на континентот  и последните чекори се унификација на Европа, а тоа значи зголемување, проширување врз основа на заеднички вредности и принципи.

-Ппрвпат во историјата на Европа, доколку правилно работиме, со процесот на проширување можеме да ја обединиме Европа. Европа не може да биде обединета без Западниот Балкан. Слушам слични мислиња во Копенхаген, Данска која го презема претседателството денеска, и во Берлин, во Варшава и во Париз и го подвлекувам ова, затоа што сакам бидам јасна дека има јасен консензус за дополнително и итно проширување, сега. Не беше така во минатото, но имате шанса, што морате да ја искористите, нема да трае секогаш и гледаме значаен прогрес, рече Кос на лидерска средба ЕУ-Западен Балкан за развојниот план што се одржува под мотото „Стабилност, заедништво, иднина“.

Таа го истакна напредокот на Албанија, Црна Гора, Босна Херцеговани и Србија. Посочи дека  Албанија отвори три кластери, во последните шест месеци, со што какошто рече „придонесовте на успехот на процесот на проширување“.

-Доколку продолжиме вака ќе можеме да ги отвориме сите кластери годинава и какошто ви кажав вчера едвај чекам да го прославиме отварањето на кластерите. Црна Гора во петокот затвори уште едно поглавје и во Босна и Херцеговина реформската агенда се усвои и чекаме да се формира нова Влада. Господине, Курти вие навистина вложивте многу енергија во процесот на пристапување и веќе продолжуваме напред во Србија. Се надевам дека ќе можеме да одиме понатаму. Но, ова е процесот на проширување. Сега сме тука за Планот за раст, драг Христијан ви кажав дека сме успешни и се разнежувам кога зборувам за Западен Балкан, затоа што регионот ми е многу драг, рече Кос во своето обраќање.

Еврокомесарката за проширување, Кос додаде дека сака да помогне за да се премине преку целта.

-Знам дека клучните реформи, коишто ги бараме од вас не се едноставни. Тие задираат закоравени структури на интереси, на моќ и на многу начини бараат длабока општествена темелна трансформација и потребно е лидерите да ја водат оваа промена, порача Кос.

Таа во своето воведно обраќање изрази и сочувство за настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“

-Многу млади животи беа загубени, а многу други беа повредени, а некои се уште се лекуваат по болниците. Често пати мислам за жртвите и за повредните и за тоа како ништо не е поважно од семејството и од заедницата. Добро е да се знае дека во овие тешки моменти, други Европејци, европската заедница можат да дадат помош и механизмот на Европа веднаш координираше испраќање на  повредените, кои беа лекувани во болници во Шведска, Шпанија, Литванија, но вашите соседи беа тие, Србија, Грција и Бугарија, коишто први одговорија и згрижија многу од повредените. Европа покажува солидарност за секого, рече Кос.

Tags: ЕУЗападен БалканКос
Next Post

Во Пустец почнува јубилејното 20- то издание на фестивалот „Македонско културно лето"

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk