ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фредериксен: Мора да ги донесеме Украина, Молдавија и Западниот Балкан поблиску до Европа

July 8, 2025 16:35
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА

Мора да ги преземеме следните чекори во процесот на проширување со Украина, Молдавија и Западниот Балкан, за да ги донесеме овие земји поблиску до Европа, порача денеска данската премиерка Мете Фредериксен при презентацијата на приоритетите на Данското претседателство со Советот на ЕУ пред членовите на Европскиот парламент.

– Со приближување на овие земји кон Европа, можеме да им помогнеме да се засилат и да остварат раст, како и да ја направат Европската Унија уште посилна, нагласи Фредериксен.

Според неа, зборовите на Жан Моне дека кога Европа ќе се соочи во криза, ќе најде мноштво решенија за таа криза, денес изгледаат повистинити од кога било досега.

– Живееме во време кога се соочуваме со најголемите предизвици од 40-тите години на минатиот век – брутална војна на Русија против Украина, миграциски притисок на надворешните граници на Европа, конфликти на Блискиот Исток, ризик од трговска војна, подем на тероризмот, растечка конкуренција за иднината на стратешките технологии и плус на сето ова и климатската криза и кризата со биолошката разновидност. Нашата безбедност, нашите вредности, нашите економии и нашиот начин на живот се под притисок и треба директно да се справиме со предизвиците и тоа треба да го направиме заедно, истакна Фредериксен.

Таа истакна дека Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ ја делат одговорноста за постигнување вистински компромиси за предизвиците и тие решенија треба да бидат во интерес за сите – граѓаните, бизнисите, синдикатите и граѓанското општество.

– Заканите може да бидат многубројни и тие се навистина сериозни, но имам доверба во Европа дека можеме да го движиме нашиот континент кон изградба на побезбедна, позелена и поконкурентна Европа. Нова Европа на утрешнината со можности и благосостојба за нашите граѓани. Тоа е клучно за нас, рече Фредериксен.

Според неа, силата на ЕУ не доаѓа од богатството на нејзините земји членки и бројноста на нејзиното населени, туку од европската идеја, начинот на размислување, основните вредности, како слободата, демократијата и владеењето на правото, цврстата верба во напредок и здравиот разум.

– Ова се фундаменталните идеи врз кои е изграден нашиот континент и тие се во крвта на сите Европејци. Европа претставува соработка, дискусии и тешки компромиси, но пред се Европа е прекрасен, богат и разновиден континент кој успева одново и одново. Во време кога фундаменталните вредности се доведуваат во прашање, одговорот од наша страна треба да биде цврст, а за да бидеме такви, мора на секој можен начин да бидеме подготвени да ги заштитиме нашите демократии, слободата, правата и нашиот просперитет, истакна данската премиерка.

Таа посочи дека главните приоритети на кои ќе работи данското претседавање со Советот на ЕУ ќе бидат насочени кон градење на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

Според неа, ЕУ мора да ги зголеми трошоците за одбрана во услови на заканите од Исток, од Русија, која веќе не работи сама, што се гледаа во Украина за каде обезбедува војници од Северна Кореја, ракети од Иран и воена технологија од Кина.

– Мора да дејствуваме сега, за да одговориме на оваа закана. Треба да изградиме многу посилна европска одбранбена индустрија. Мора да инвестираме повеќе. Јакнењето на европската одбранбена индустрија е апсолутен врвен приоритет, рече Фредериксен.

Таа додаде дека во исто време со сопственото зајакнување, ЕУ мора да продолжи да ја поддржува Украина во справувањето со руската агресија на секој можен начин и онолку колку што е потребно, бидејќи поддршката за земјата не е милосрдие, туку инвестиција во директна одбрана на Европа.

Според неа, како дел од напорите за зајакнување на својата безбедност, на ЕУ и потребно и зајакнување на надворешни граници за справување со миграцијата, намалување на приливот мигранти во Европа и воведување ефикасен за нивно враќање.

Фредериксен нагласи дека во услови кога ЕУ се соочува со премногу регулатива, високи трошоци за енергија, значително ограничување на иновациите и инвестициите и намалување на работната сила, таа мора да ги поедностави правилата, да ја намали бирократија за европските компании и поединци, да ја зајакне конкурентноста и да ги зголеми иновациите во напредната технологија, но при тоа да води сметка и за одржување на демократската стабилност.

Според Фредериксен, во време кога милијарди луѓе ширум светот веќе ги чувствуваат последиците на климатските промени, кои носат екстремни временски услови и водат кон миграција и сиромаштија, потребна е амбициозната глобална зелена транзиција со јасно утврдени климатски цели.

– Важно и да покажеме дека на наши рамена ја преземаме одговорноста за климата на глобално ниво. Мора да создадеме стабилна и јасна политичка рамка за да можат бизнисите да бидат сигурни во нашата долгорочна насока кон праведна зелена транзиција, обезбедување чиста и прифатлива енергија и подобра иднина за сите нас, додаде Фредериксен.

Во тој контекст, таа ја нагласи потребата од производство сопствена европска чиста енергија, зајакнување на Енергетската унија, обезбедување ниски и стабилни цени на енергенсите, зголемување на безбедност на енергетското снабдување и ослободување од зависноста од руските горива.

Фредериксен додаде дека во овие исклучителни моменти мора да се верува во Европа, која повеќе нема се крие зад другите, туку ќе биде подготвена заеднички да се брани себе си.

– Ајде да изградиме посилна Европа, заклучи Фредериксен во обраќањето пред Европскиот парламент.

Tags: ЕУЗападен БалканМете ФредериксенмолдавјаУкраина
Next Post

Филипсен опериран по несреќата на Тур Де Франс

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Ден на националното знаме на Украина, Зеленски: Ние нема да му ја дадеме нашата земја на окупаторот!

August 23, 2025

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk