ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера в сабота во МНТ

July 16, 2025 16:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.

Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје и е прва соработка по потпишаниот Меморандум за продлабочување на културна и уметничка размена меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Во претставата играат актери од двете земји: нашите Искра Ветерова-Славенска, Ана Стојановска и Мина Јелушиќ-Јериниќ и гостите од Црна Гора – Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ, кои на сцената ќе зборуваат на македонски и на црногорски јазик.

Претставата е праизведба и е спој на два драмски текста од современата авторка Сарап – „План Б“ и „Лов на дива свиња“, и двете тематизираат интимна приказна за жени што трпат семејно насилство и прашањето како да се спротивстават и да се заштитат во тие токсични околности во кои забораваат на себе и се преобразуваат во нешто што не се.

На прес-конференција во МНТ денеска авторката Сарап кажа дека се работи за приказна за „демоните што ги ловиме цел живот во себе и се обидуваме да ги избркаме од себе за да бидеме подобри луѓе“.

-И за целото тоа време се појавуваат сите други што нѐ разубедуваат дека не постојат демони и дека работите се решаваат на друг начин, а не како што ние замислуваме, и на тој пат ние се враќаме назад … Она што ни стана јасно уште од првите проби и што никој не може да ни го земе е дека никој не смее да ве тепа, никој не смее да ви ги одзема децата – никој. Ако тоа се каже на јасен начин низ текстот и преку режијата и актерската игра – ние сме успеале колективно. Не се работи за театарот и за секој од нас лично, туку се работи за сите нас – да станеме подобри луѓе, истакна Сарап, која е и уметнички директор на Црногорскиот народен театар.

Режисерката Поплавска додаде дека се работи за „женска тема со јасна порака“.

– Приказна за семејно насилство и семејни тајни, демони што се пренесуваат во фамилијата. Женски крик за сите жени кои доживеале барем малку од она што ќе се види на сцената, за жени кои молчеле и се прашувале дали да кажат и кому да се обратат. Ова е апел и до институциите. Мисијата сме ја постигнале ако барем некој во публиката се реши да си каже: Доста е!, истакна Поплавска.

Актерката Искра Ветерова-Славенска, која по повеќе години се враќа на сцената, посочи дека се обидуваат да ги најдат причините за тоа зло, трауми и стравови, но не за да ги оправдаат, туку, рече, како да се соочат со нив и да ги пресретнат.

-Жената направила избори во животот и сега живее со последиците. Со нејзиното преиспитување се отвора приказната за причините за насилството … на крајот имаме решение како да ставиме точка на сето тоа, додаде Ветерова-Славенска.

Црногорскиот актер Татиќ кажа дека првпат глуми лик на насилник и предизвик му било да проникне во таа мрачна страст што човека го тера да биде груб со оглед, рече, дека сите се раѓаме добри.

-Тоа што се случува во претставата и тоа што им се случува на други жени и семејства најчесто останува зад затворени врати. Не ме привлече насилството туку повеќе страста која имплодирана добива сосема поинаков, мрачен пресврт. Прашањето што ме интересираше е што е тоа што го обележува еден човек во неговото растење, кој е тој тригер, траума, за тој да стане таков каков што е, бидејќи се раѓаме со предиспозиција да бидеме добри и да сакаме да бидеме добри луѓе и добри родители, рече Татиќ.

Сценографијата и изборот на костимите за претставата се на режисерката Поплавска, како и изборот на музиката, заедно со Вукан Пејовиќ (гитара).

По праизведбата во МНТ, ќе има премиера и во Подгорица планирана за септември. Како што рече Поплавска, „Лов на дива свиња“ ќе се игра на сцените во МНТ и на Градско позориште Подгорица, со тоа што ќе бидат задолжени две технички екипи и за гостувањата ќе патуваат само актерите.

Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk