ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

09: Филипче и МЗ контра лагите на Мицкоски дека нема доволно тестови за Ковид-19, одобрена набавка на 200 респираторни машини, поторшувачите што ги задржаа своите редовни примања навреме да ги плаќаат сметките

Преглед на вести до 09 часот.

April 4, 2020 07:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче: Се чудам со каква леснотија Мицкоски ја лаже јавноста дека има тестови за само еден ден. -Најостро ги осудуваме инсинуациите, обвинувањата и невистинитите информации дека во нашата земја има тестови за само неколку дена, пласирани од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. Ненавлегувајќи во причините за ширењето на такви информации, Министерството за здравство упатува апел да не се шири паника со пласирање на непроверени и лажни информации и уште еднаш истакнува дека тестови за утврдување на присуство на коронавирусот има доволно за да ги задоволат потребите на нашата земја, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во Куманово досега од Ковид-19 се заболени 85 лица, од кои 11 се медицински лица. Министерството за здравство, како што соопштија од владината прес-служба, ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

Сугарески на ФБ: Ова е борба за живот, не за политички поени! Може со Венко да не се согласувате идеолошки, но да ја оспорувате неговата посветеност во борбата со пандемијата е обично лицемерно “хејтање”, пишува министерот Горан Сугарески на Фејсбук.

Спасовски до кумановци: Останете присебни, нема простор за паника заради полицискиот час. – Ова е тешка, рестриктивна одлука, но неминовна да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните и да го пресечеме патот на ширењето на вирусот, напиша на ФБ премиерот Спасовски.

Одобрена набавка на 200 респираторни машини. Оценка на пристигнатите понуди ќе ја врши тричлена Комисија од редот на вработените административни службеници формирана од Министерството за здравство, соопштија од Владата.

Бислимоски: Поторшувачите што ги задржаа своите редовни примања навреме да ги плаќаат сметките. -Според информациите што ги имаме од компаниите делумно проблемот со ликвидноста е надминат во овој период кога се добиени пензиите. Редовно да си ги подмируваат сметките очекуваме и од администрацијата и од граѓаните кои не се погодени од оваа криза, изјави Бислимоски.

МНТ – 75 години: Сцената е првпат празна, но во бескрајното патување на театарот ќе има нови претстави. Во честитката додава дека театарот отсекогаш бил во нивните срца и мисли и поради тоа, на сите кои  биле и се дел од МНТ на кој било начин, на овој ден сака да им заблагодари за пожртвуваноста и да им оддаде почит.

Би-Би-Си: Во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19. Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс.

Next Post
Фото: МИА

Втор викенд со забрана за движење од 16 часот

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk