ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Во Охридското Езеро, кај Лин, археолози ја пронајдоа најстарата подводна населба на континентот од 6 до 8 илјади години

July 18, 2025 12:14
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Неверојатно археолошко откритие на брегот на Охридското Езеро во Албанија, кај Лин, каде што археолозите веруваат дека ја пронашле најстарата подводна населба некогаш изградена на езеро во Европа, со докази за организирана заедница на риболовци и земјоделци кои живееле до пред 6 до 8 илјади години.

Археолози од Универзитетот во Берн, Швајцарија, во соработка со албански колеги, веќе шест години го проучуваат локалитетот и велат дека пронајдоците го менуваат досегашното знаење за раната цивилизација на стариот Континент.

-Оваа населба е најстарата од ваков тип која сме ја откриле во Европа. Фактот дека е под вода совршено го зачувал органскиот материјал, па благодарение тоа имаме уникатен увид во животот на луѓето од тој период, што јаделе, како граделе, како се движеле и што одгледувале, изјави професорот Алберт Хафнер, кој го предводи проектот, објавија албанските медиуми.

Дрвените столбови од куќите, заедно со бакарни предмети, коски, керамика и други артефакти, се вадат од длабочина до три метри, при што се користат радиокарбонска анализа и дендрохронологија за точно датирање.

Според првичните анализи, населбата се простирала на околу шест хектари и била дом на неколку стотици луѓе, кои живееле во  склад со природата, ловеле, рибареле и одгледувале земјоделски култури. Досега се собрани над 1.000 примероци од дрво. Сепак, по 6 години ископување, откриени се само 1 отсто од нив. За целосно истражување на локацијата, научниците предвидуваат дека ќе бидат потребни децении.

-Тоа што тие луѓе го постигнале во тоа време е навистина неверојатно. Архитектурата, организацијата, исхраната, сè укажува на напредна заедница. Можеме да кажеме дека биле многу интелигентни за своето време,  вели албанскиот археолог, Адриан Анастаси.

Додава дека Охридското Езеро, кое е едно од најстарите (над милион години) и најдлабоки езера во Европа, повторно се најде во фокусот на светската археолошка заедница, овој пат, со откритие што би можело да ја прераспише историјата на човековото населување на континентот.

Tags: археолозиОхридско езероподводна населба
Next Post

Избори пред врата, државната администрација како кадровски пазар

Shortcut

Најново

Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk