ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Левица бара разрешување на претседателката на ДКСK и предлага законско право за вработување за прворангирани здравствени работници

July 22, 2025 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прворангираните здравствени работници на конкурсите да имаат законско право да се вработат, а не за нив дискреционо да одлучува директорот, предвидува  Предлог законот за дополнување на Законот за здравствена заштита што Левица денеска го поднесе во Собранието.

Пратеничката Јована Мојсовска појасни дека со овој предлог закон ќе се стави крај на партиските вработувања.

-Во постоечкиот Закон за здравствена заштита поради правна недореченост при вработување на здравствени работници, директорот на здравствената установа има дискреционо право да одлучи кое лице  ќе биде вработено. Наместо најдоброрангираните кандидати, во пракса често сведочиме како прворангирани кандидати се одбиени за работа, додека се вработуваат кандидати кои се пониско рангирани, со што значително се загрозува професионалноста и стручноста на еден витален сектор како што е здравството, истакна Мојсовска.

Појасни дека предлагаат измена на членот 161 од Законот за здравствена заштита, каде на здравствените установи ќе им се наложи да го изберат најдобриот кандидат согласно редоследот на ранг-листата.

-Последен пример каде прворангиран кандидат беше  одбиен за работа е пред само еден месец  во здравствената установа во Вевчани, каде при оглас за вработување на медицински сестри, најдобриот кандидат скандалозно бил одбиен за вработување  Поради ваквите свесно креирани лоши законски решенија, нашите најдобри лекари и медицински сестри денес лечат во Германија и другите европски држави, само поради тоа што во Македонија партиската книшка е повреднувана од стручноста и професионалноста, Истакна Мојсовска.

Според неа, ваквото лошо законско решение создава силна партизација, која е рак рана на македонското општество, а како што рече, државата стимулира излив на медицински кадар кој е дефицитарен.

Мојсовска апелира владејачкото мнозинство да ја надмине својата партиска суета и да го поддржи овој предлог-закон на Левица.

Пратеничката група на Левица ќе поднесе иницијатива за разрешување на претседателката на Државна комисија за спречување на корупцијата, информираше Мојсоска појаснувајќи дека во Законот за спречување на корупција, член 14, изричито се предвидува дека претседателката на антикорупциска комисија може да се разреши доколку престанале да важат условите од член 11 од истиот закон.

-Во Член 11 се условите кои треба да ги исполнува председателката на антикорупциска комисија за да стане председател на ДКСК. Меѓу едни од условите во член 11 е тоа дека не смее да и биде изречена мерка за забрана за вршење на професија. Во овој момент на претседателката на Комисијата, Татјана Димитровска и е изречени мерки за забрана завршење на професија, нели таа повеќе од два месеца не оди на работа и токму тука ја наоѓаме законската основа во овој случај, да ја поднесеме нашата иницијатива до Комисијата за прашања на изборите и именувањата, појасни Мојсоска

Според неа постоечкиот Закон за ДКСК премногу ги штити функционерите на Комисијата и додава дека би требало да се разгледа можноста да се реформира тој Закон каде, како што рече, ќе се зголеми отчетноста и одговорноста на овие избрани функционери.

Tags: ДКСКЗдравствени работнициЛевица
Next Post

СДСМ бара повлекување на предлог законот за полиција

Shortcut

Најново

Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

August 7, 2026

СДСМ: Кој оди на екскурзија во Брисел среде лето? Само оној што има таен план „под радарот“

August 6, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот – тоа е резултат на работата изминатите 25 месеци

August 6, 2026
Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

August 6, 2026
Фото: Скриншот

Осумдесет и една година по атомската бомба, Хирошима повторно повика на разоружување

August 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk