ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Објавен оглас за трајни вработувања во тетовската Клиничка болница

July 24, 2025 14:38
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО

По протестите на хонорарно ангажираните луѓе во тетовската Клиничка болница и ветувањата на централните власти дека ќе добијат вработувања на неопределно време, денес е објавен оглас.

Директорот на Клиничка болница Тетово, Ерсен Ељези денес на прес-конференција информираше дека неговата установа има објавено јавен конкурс за вработување на 119 кадри за медицински персонал, додека за останатите лица од административниот дел ќе биде објавен друг оглас од страна на Агенцијата за администрација.

-Овој чекор има за цел да ги зајакне кадровските капацитети и да ги подобри здравствените услуги за граѓаните. Овој конкурс претставува најголем број на вработувања со трајни одлуки од основањето на клиничката болница во Тетово. Овој конкурс претставува значаен чекор кон унапредување на локалниот здравствен систем и реална можност за професионалците од областа да даваат свој придонес во една важна јавна институција. Сите законски процедури, ќе бидат спроведени од страна административната служба, истакна Ељези.

На новинарско прашање дали ќе бидат законски вработувањата со оглед на наближување на локалните избори, тој одговори дека ќе биде во законски рамки.

-Ние ќе работиме и работиме на тоа и нема да има проблем што се локалните избори. Мислам дека ќе се реализира пред тоа. Конкурс според законот пет дена значи до понеделник. Процедурата е по поднесување на документите, ќе има тест од страна на Министерството за здравство, истакна Ељези.

Министерот за здравство Азир Алиу пред два дена беше на средба со луѓето кои во Клиничка болница Тетово работат со договори на дело. Групата на медицински сестри, техничари, болничари, администрација, како и лекари на крајот на мај и на почеток на јуни одржаа неколку јавни протести со цел да алармираат на потреба да бидат трајно вработени во установата.

Tags: вработувањеКлиничка болница Тетовооглас
Next Post
Скриншот

Иранскиот претседател предупредува: Водната криза може да го испразни Техеран

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk