Собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната седница го поддржа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, со кој се овозможува за посебни возила на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) да се издаваат две или повеќе сообраќајни дозволи и регистарски таблици во случај кога тоа ќе го определи директорот на АНБ.
Во предвидениот рок не беа поднесени амандмани за предложените законски измени, претресот беше заклучен без дополнителна дискусија и Комисијата го проследи предлогот во натамошна собраниска процедура.
Согласно образложението, предлогот не предизвикува дополнителни финансиски импликации и се оценува како целосно издржан.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за возила, по скратена постапка, беше единствена точка на денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика.