ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Владините мерки обезбедуваат поддршка од 200 милиони евра, предлозите на ВМРО-ДПМНЕ се несериозни и со далеку пониски износи

April 5, 2020 12:29
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

„Соочени со коронакризата која со себе донесе сериозни предизвици, пред се здравствени, но и економски последици, за кои свесни сме дека ќе остават значителни штети во економијата Владата подготви пакет економски мерки со цел ублажување на последиците“, изјави на денешната прес конференција Фатмир Битиќи, претседател на Комисија за финансии на СДСМ.

„Пакетот економски мерки вреден 200 милиони евра, овозможува директна помош за сите кои се погодени од кризата – за работниците, за стопанството, за микро, малите и средните претпријатија, за дуќаните, занаетчиите, за спортистите и уметниците и за сите граѓани кои се дел од неформалната економија.

Водејќи сметка дека секој работник е важен и зачувувањето на  секое работно место е од егзистенцијално значење, се обезбеди помош од 14.500 денари приход за сите што ќе бидат погодени од кризата, но и по принципот на солидарност намалување на платите на ниво на исто така 14.500 денари, на сите фунционери од јавните  државни институции.

Политиките и мерките на СДСМ за изминатите две и пол години многупати се докажаа како реални и исправни, затоа што за нас сите граѓани се важни.

И додека повторно и во најголемата глобална криза од која не е поштедена и нашата држава, СДСМ предлага сет мерки кои опфаќаат поголем број на граѓани погодени од кризата, ВМРО-ДПМНЕ излезе со сет мерки кои се селективни и носат помалку пари во стопанството.

Анализите покажуваат дека мерките што ги предлага ВМРО ДПМНЕ, освен што се несериозни и неодговорни, се мерки за поддршка на тие кои што се во категоријата на повисоко платени работни места и можеби под претпоставка дека нивната куповна моќ е поголема.

Еве неколку клучни работи:

– Бројот на работни места кој што е таргетиран од наша страна 250.000 вработени (ова се сите вработени кои добиват плата до 20000 нето плата) – ние би го поддржиле со 60.000.000 евра месечно, а додека со моделите на ВМРО-ДПМНЕ таа поддршка е значително пониска

o             Моделот со 20% подршка, износот на поддршка е само 20.775.189 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 20-30%

o             Моделот од 30% поддршка, износот на поддршка е само 31.162.784 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 30-40%

o             Моделот од 40% поддршка, износот на поддршка е само 41.550.378 Евра за компании кои што имаат намалени приходи од 40-50%

o             Моделот со 50% поддршка, износот на поддршка е само 51.937.973 Евра

–              Тоа значи значително помалку средства вбризгани директно во стопанството, и секако помалку пари кај граќаните и намалување на потрошувачка.

Јасна е разликата помеѓу преземените мерки на Владата коишто обезбедуваат месечна поддршка од 60 милиони евра и предлозите на ВМРО ДПМНЕ со срамна поддршка за скоро 50% помалку од тоа што ние го обезбедуваме.

Моделот предложен од страна на ВМРО ДПМНЕ и категоризацијата на бизнисите според нивото на претрпени штети и добивање на подршка, очигледно е дека ги става во поповолна состојба сите подобро платени работни места, наспроти пониско платените работни места.

Тоа почитувани граѓани значи помал опфат и помалку задржани работни места . Затоа што со помала поддршка, компаниите се склони полесно да се откажат од работниците.

Додека Владата спроведува сериозни мерки и чекори за справување со последиците од економската криза, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски научени на земање, сакаат да им ги земат парите на граѓаните од вториот пензиски столб“, ијзави Битиќи.

Next Post

ВМРО-Негативна

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk