ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Политико: Зеленски вели дека Европа мора да биде дел од мировните преговори меѓу Русија и Украина

August 8, 2025 11:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија не треба да биде изоставена од мировните преговори меѓу Русија и Украина, посредувани од САД, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот, пишува Политико.

„Војната се случува во Европа, а Украина е составен дел на Европа — ние сме веќе во преговори за пристапување во ЕУ. Затоа, Европа мора да биде учесник во релевантните процеси“, рече Зеленски по телефонскиот разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги информираше Зеленски и европските лидери претходно оваа недела дека планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а подоцна да одржи трилатерален состанок со Путин и Зеленски, се наведува понатаму во Политико.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не беше на повикот со Трамп, изјави портпаролот на Комисијата во четвртокот. Но, таа беше „опширно информирана од неколку лидери на ЕУ“, рече портпаролот за новинарите.

Кремљ во четвртокот потврди дека двајцата лидери планираат да се сретнат „во наредните денови“.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во средата изјави дека по средбата на специјалниот пратеник Стив Виткоф со Путин, американската влада има подобро разбирање за условите под кои Москва би била подготвена да стави крај на војната.

„Сега мора да го споредиме тоа со она што Украинците и нашите европски сојузници, но пред сè Украинците, секако, се подготвени да го прифатат — и она што се обидувате да го видите е колку можете да ги приближите овие две позиции“, изјави Рубио за „Фокс Бизнис“.

„Ако можеме да го приближиме она што Украинците ќе го прифатат и она што Русите ќе го прифатат доволно блиску, тогаш мислам дека постои можност претседателот да одржи состанок на кој ќе бидат присутни и Путин и Зеленски за да се обиде да се затвори ова прашање“, рече Рубио.

Според Политико, дипломатскиот притисок доаѓа откако Трамп го зголеми притисокот врз Путин со воведување дополнителна царина од 25 отсто за Индија поради купувањето руска нафта. Украина очекува Трамп да воведе и нови големи санкции во петок, но Путин можеби му понудил на Трамп ограничено примирје за повторно да го одложи таквиот потег.

„Се чини дека Русија сега е повеќе наклонета кон прекин на огнот“, рече Зеленски во своето вечерно обраќање во средата. „Притисокот функционира“, додаде тој.

Но, Зеленски предупреди: „клучно е да се осигура дека тие нема да измамат никого во деталите – ниту нас, ниту САД“.

Зеленски сака да ги координира позициите со европските партнери пред состаноците на високо ниво.

„Украина не се плаши од состаноци и очекува ист храбар пристап од руската страна“, рече Зеленски. „Време е да ја завршиме војната. Ви благодариме на сите што помагате“.

Подоцна во четвртокот, Фон дер Лајен изјави дека зборувала со Зеленски и разговарале за патот напред. „Разговаравме за следните чекори на патот кон договорен мировен договор и идното членство на Украина во Европската Унија, како и нејзината реконструкција“, рече Фон дер Лајен во објава на „Х“.

„Ставот на Европа е јасен. Целосно ја поддржуваме Украина. Ќе продолжиме да играме активна улога за да гарантираме праведен и траен мир“, изјави фон дер Лајен.

Преведе: Н. Цветковска

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Скриншот

ОН „силно се спротивставува на каква било ескалација“ на војната во Газа

Најново

Комисијата за култура на СДСМ: Изјавата на Љутков е празен маркетинг за прикривање на хаосот во културата и нападот врз Колективниот договор

May 11, 2026

Филипче: Пропагандата на ВМРО ја обвинува ЕУ за сопствениот дебакл со реформите

May 11, 2026

Дуа Липа ги тужи Самсунг за 15 милиони долари

May 11, 2026
Фото: МОБ

Македонската опера и балет ги отвори 54. Мајски оперски вечери

May 11, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Изгубени се две години, рокот за дел од Коридор 8 се продолжува најмалку до 2029

May 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk