Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер не е оптимист дека неговиот тим може да се надева на борба за врвот во претстојната премиерлигашка сезона.
– Работиме напорно и тука има одлична атмосфера. Сакаме да бидеме успешни, правиме сè што можеме за да бидеме успешни. Понекогаш чувствуваме дека не е доволно добро во последно време и не им дадовме на нашите навивачи толку колку што сакавме. Се чувствувам како да е речиси како нов почеток и се надевам дека е добар почеток. Очигледно имаше преоден период кога Сер Алекс (Фергусон) беше тука и имавме најдобар тим досега и ги освоивме сите трофеи. Но, реалноста е дека сега не сме најдобриот тим, изјави 32-годишниот Мегваер на подкастот „Рио Фердинанд Презентс“.
На крајот од сезоната 2024/25, Манчестер јунајтед го освои 15-то место на табелата во Премиер лигата. Сезоната пред тоа, завршија на осмото место.
Големиот број навивачи на Манчестер јунајтед очекуваат во сезоната 2025/26 тимот да биде далеку поуспешен и де се врати на победничките патеки.