ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Медиумите не може повеќе да се пријават за платено политичко рекламирање за локалните избори

August 13, 2025 15:29
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

Во рамки на дејствијата поврзани со локалните избори, синоќа заврши тридневниот рок за пријавување на печатените и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања. До утревечер на полноќ, пак, е рокот за доствување на ценовниците до ДИК за изборите.

Од Државната изборна комисија велат дека деновиве ќе излезат со бројката на медиуми кои поднеле документи да се евидентираат во Регистарот бидејќи документите се проверуваат, а дел од нив ги пратиле и на имејл, и ги доставиле до нивната архива.

Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите) што нема да се регистрираат во ДИК, нема да имаат право да користат финансиски средства  за платено политичко рекламирање, обезбедени од Буџетот на државата.

Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми и електронски медиуми (интернет портали) се води врз основа на поднесено барање за упис до ДИК, со прилог тековна состојба издадена од Централен регистар не постара од 30 дена.

Ценовниците за платено политичко рекламирање печатените медиуми и интернет порталите се должни да ги достават до ДИК, до Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата, а радиодифузерите да ги достават до ААВМУ, ДИК, ДЗР и ДКСК.

Најдоцна до 24 август ДИК е должна да ги потврди и објави на нејзината веб страница доставените ценовници од медиумите. Радиодифузерите и печатените медиуми кои нема да постапат по известувањето на корекција на ценовниците во наведениот рок го губат правото да бидат регистрирани за платено политичко рекламирање.

Учесникот во изборната кампања, како што се нагласува во Роковникот на ДИК, не може да нарача платено политичко рекламирање од радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите кои не се во Регистарот кој го води ДИК.

ДИК ги исплаќа трошоците за објавеното платено политичко рекламирање  врз основа на доставена фактура од страна на медиумите во рок од 30 дена од објавувањето на конечните резултати од локалните избори.

Од распишувањето на изборите тече и рокот за пријавување на набљудувачи на локалните избори, кој завршува на 8 октомври.

Барања за набљудување на изборите до ДИК може да достават сите домашни здруженија и странски организации, кои се регистрирани согласно со закон, најмалку една година пред денот на одржувањето на изборите, а во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права, меѓународни организации и претставници на странски земји вклучително и претставници на медиуми.

Подносителите на барањата за следење на изборите поднесуваат Барање за регистрација на набљудувачи на изборен процес, додека претставниците на странските медиуми поднесуваат Формулар за акредитација на медиуми. Двете барања се достапни на веб страницата www.sec.мк.

Домашните здруженија и странски организации, покрај Барањето доставуваат и Копија од Статут на здружението, копија од регистрација пред надлежен орган, список на набљудувачи и копија од документ за идентификација на предложените набљудувачи.

Меѓународните организации и претставници на странски земји, покрај Барањето за набљудување, доставуваат и Список на набљудувачи и копија од документи за идентификација на предложените набљудувачи.

Претставниците на странските медиуми покрај Барањето за акредитација на медиуми, доставуваат список на новинари, сниматели, фоторепортери и копија од документ за идентификација.

Претставниците на медиумите од Република Северна Македонија не подлежат на процес на акредитација.

Барањата со потребните прилози се доставуваат на мејл адресата observers@sec.mk, најдоцна десет дена пред денот на гласање, односно најдоцна до 8 октомври 2025 година до 24:00 часот.

Државната изборна комисија ќе издаде овластување на сите подносители за набљудување и следење на изборите кои ги исполнуваат условите најдоцна седум дена по приемот на барањето.

Tags: локалните изборимедиумиполитичко рекламирање
Next Post

Дубровник најбезбеден туристички град во Европа

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Ливерпул со спектакуларна победа го отвори првото коло во Премиерлигата

August 15, 2025

Почнаа разговорите меѓу Трамп и Путин

August 15, 2025
Фото: Профил на Х, Карл Билд

Карл Билд: Каква порака сака да испрати Лавров  кога се појави во Алјаска со маица на СССР?

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: 11 часа по објавата на кандидатурата за градоначалничка, полицијата ми врачи кривична пријава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk