ЦИВИЛ во својот мониторинг на изборните процеси постојано укажува на замена на теми, наративи, дискурси што ја маргинализираат локалната агенда и ги оддалечува граѓаните од вистинските прашања на кои треба да се даде глас. ЦИВИЛ алармира дека локалните избори не смеат да бидат заложници на национални политички наративи, дезинформации и партиски интереси кои ја поткопуваат довербата во изборниот процес.
Што е што во изборен контекст
4. Разлика меѓу национални и локални наративи во контекст на локалните избори
Национални наративи се приказни и теми кои доминираат на државно ниво, често поврзани со идентитет, геополитика, стабилност, големи реформи, меѓуетнички односи.
Локални наративи се насочени кон општински прашања – вода, инфраструктура, отпад, локални економски проекти, транспарентност на општината, квалитет на образованието и здравството.
Иако изборите се локални, наративите што доминираат дури и пред распишување на изборите, често се национални. Наместо дебата за комунални услуги, јавен превоз, отпад, граѓаните слушаат за „одбрана на државата“, „опасност од федерализација“ или „странски влијанија“.
Како да го контактирате ЦИВИЛ?
📧 monitoring.civil@gmail.com
💬 Инбокс: facebook.com/civil.mk
Вашиот глас има моќ. Искористете ја!
https://civilmedia.mk/lokalnite-izbori-2025-politichki-narativi-zlouotrebi-i-rizik-od-dezinformatsii-shto-treba-da-znaeme/
Преземено: Цивил Медиа