Неколку српски медиуми блиски до претседателот Вучиќ и граѓани на социјалните мрежи објавија видео на кое се гледаат мажи, претежно помлади, клекнати на колена, додека рацете им се во лисици, а челата им се притиснати на ѕидот, пренесува 021.рс.
Како што можете да видите на видеото, зад секое уапсено лице стои по еден полицаец.
Врз основа на видеото, може да се види дека има повеќе од десет уапсени учесници на протестот.
View this post on Instagram
Во четврток вечерта во Нови Сад беа демолирани просториите на Српската напредна партија на Булеварот на ослободувањето, во Стражиловска и на улицата Косовска.
Полицијата на почетокот не реагираше, а потоа дојде до конфликт со група учесници на протестот, кога беше испукан и солзавец, а демонстрантите беа турнати кон центарот на градот.
Протестот беше организиран како израз на револт против она што се случи во Нови Сад во среда, кога членови на Српската напредна партија испукаа пиротехнички средства кон граѓаните.
Потоа имаше сериозни судири меѓу Српската напредна партија и граѓаните, а член на Кобра, кој го штитеше Милош Вучевиќ, употреби пиштол, пукајќи во воздух.
Редакција Фронтлајн