Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ
Билјана Ивановска објавува кандидатура за градоначалничка на Центар.
После неполни 11 часа – туп! – полицијата ѝ чука на врата со кривична пријава во рака.
Од МВР велат – не сме ние, тоа било од приватно лице уште пред 6 месеци.
Ама ако не сте вие, зошто тогаш баш полицајци ја носат пријавата, и зошто баш 11 часа по објавување на кандидатурата, ако пријавата е понесена пред 6 месеци? Верглаат нешто неодредено кутричките, немаат конкретен одговор.
ОЈО, по реакцијата на Ивановска и откако се поткрена јавноста, се прави улаво па велат:
– ‘Па може и после избори да дојде, ако тоа со распитот го чувствува како притисок’.
Ма не, ич не е притисок ова!
Само така ни се чини?!
И како за зачин, покасно денеска – Собранието закажува итна седница за измени на Изборниот законик.
Локалните избори веќе распишани, ама ајде, да им удрим изборен праг на независните кандидати.
Чисто, да не се мачат граѓаните со премногу избор.
Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно.
Ептен!