Патот кон мирот во Украина не може да се одреди без учество на украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави денеска британскиот премиер Киер Стармер.
Стармер воедно го пофали американскиот претседател Доналд Трамп за „неговата решителност да стави крај на крвопролевањето“.
Британскиот премиер денеска одржа разговори со западните сојузници по самитот во Анкориџ меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
– Напорите на претседателот Трамп нѐ доближија повеќе од кога било досега до крајот на нелегитимната војна на Русија во Украина. Неговото лидерство во стремежот да се стави крај на крвопролевањето заслужува признание. Но, иако е постигнат напредок, следната фаза мора да бидат нови преговори со учество на претседателот Зеленски. Патот кон мирот не може да биде решен без него, изјави Стармер.