Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е благодарен за новата програма на НАТО што им овозможува на земјите-членки да купуваат оружје од Соединетите Држави што ќе биде испратено во Украина.
„Благодарни сме за оваа програма и оваа можност. Благодарни сме на Европа – тие плаќаат за ова“, рече тој.
Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, ја пофали програмата, бидејќи тоа значи дека САД „не даваат ништо“ директно на Украина, туку ја продаваат својата воена опрема на сојузниците на Кијив.
Зеленски рече дека американското оружје е клучно за одбраната на Украина.
„Никој во Европа нема толку многу системи за воздушна одбрана како Патриот“, рече тој. „Многу ни требаат“.
Зеленски вели дека на Украина ѝ е потребно „сè“ поврзано со безбедносните гаранции
Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека на неговата земја ѝ е потребно „сè“ одговараќи на новинарско прашање за безбедносни гаранции ѝ се потребни за да се постигне договор.
Тој рече дека на Украина прво ѝ е потребна силна армија, која вклучува оружје, луѓе, обука и разузнавање.
Тој додаде дека сето ова ќе зависи од „големите земји“, како што се САД и другите сојузници.
Ј. Ѓ.