Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Од еден статус на Инфомакс на ѕидот кај Емилија Целакоска, утрово разбрав за малиот безобразлук на владата со кој трустот на мозоци на Мицко, во форма на предизборна кампања, сака „да креира свесност за придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија“.
Претпоставувам дека тоа се прави за да можат луѓето да сфатат зошто не треба да влегуваме во ЕУ!
Некој смислил дека „свесноста за придобивките“ ќе им покаже колку е, всушност, убаво и топло македонското трло исполнето со достоинствени овци.
Велат дека за оваа ингениозна кампања, која истовремено треба да развие свесност кај граѓаните за тоа дека на чело на државата имаат идиоти или изнајмени атентатори врз државата и нацијата кои водат систематска антиевропска политика ширејќи антиевропски отров и цинизам кај граѓаните, ќе се ангажираат околу 400.000 евра.
Ако.
Јас како македономрзец ќе ги замолам да ми дозволат да учествувам со еден милион евра за доброто на мојот љубен народ.
Помала заебанција е еден македономрзец да го помага својот љубен македонски народ отколку вмро со својот светоќор да развива свесност кај нацијата што ја обесвести.
Каква е таа политичка и ментална алхемија!?
Барем да почекаме Албанија и Турција да влезат.
Украина и Молдова.
Можеби и Тунис и Мароко.
Зошто да се бутаме безвезе!
Хахаха!
Како во владата, која, всушност, не е влада, туку е една екипа за редистрибуција на средствата во функција, имено, на десубјективизирањето на Македонија како историски и државен феномен и на претворањето на националниот формат на Македонците во флотантност на фолклорната маса оглупавени хора, на вадењето на македонската туна од светскиот океан, ја совладуваат оваа неподнослива контрадикторност на целите на кампањата со владините политики и како таа контрадикција ќе ја разбере масата на која и се уништени сите центри за разбирање на се, не се знае.
На македонскиот народ му беше оставено да бира меѓу достоинството и Европската унија и откако вмро и Мицко, заедно со ману и преинтелектуалната елита, го убедија дека тие две работи се исклучуваат, народот весело се определи за достоинството.
Нормално!
Македонецот секогаш, уште од турско, па и античко време, не можел да живее без достоинство. Тој секогаш правел, па и денеска прави, еднаквост меѓу тоа да биде Македонец и да биде достоинствен.
Како што Калеш Анѓа не ја менувала верата, Македонецот не го менува достоинството за Европа.
Европа и светот му ги спротивставија на неговото усрано достоинство, за да може тука дома да служи само како објект за експлоатација и сексуално задоволување на тие на кои тој им го дава мандатот да го ебат.
Ова е нов прилог во историјата на македонската глупост.
Инаку, ако вмро на некој магичен начин, со помош на некакви чудотворни напитоци или перверзни сексуални активности, добило некакво дупче на својот светоќор, во тој случај кампањата може да има смисла само ако и претходат уставните измени и ставањето на Бугарите во преамбулата и афирмацијата на договорот со Бугарија заедно со сите протоколи.
И преговарачката рамка, се разбира.
Заедно со едно извинување до македонскиот народ и до сите граѓани за сите заблуди во кои ги внесоа.
Да, ќе заборавев: и оставка и предвремени парламентарни избори.
Трка во формула еден во која вмро, ако не добие забрана од Уставниот суд или од Трибуналот во Хаг за културоцидот, по казна ќе стартува од пит стопот.
Читам така од образложението на кампањата и не ми се верува дека е можен ваков безобразлук пред народот и земјата на кои им ги пресекоа сите спојници со бродот на ЕУ и сега лебдат во вселената надевајќи се дека некоја црна дупка ќе ги лапне за џабе:
„ДА ЈА ПОТВРДИ И ЗАЈАКНЕ посветеноста на Владата на Република Северна Македонија на европскиот пат и остварување на стратешката цел полноправно членство во ЕУ и да придонесе кон поширока поддршка на процесот на европеизација на општеството…“
Па како тоа, бе!
Европеизација на општеството?
Па знаете ли вие што тоа значи и кој од сета таа насобраница од простоќа, неукост, снобизам, кич и мишелински и спонзорушки материјал, во таканаречената влада и пошироката власт, може тоа да го води, а да не заврши у курац.
Нема ништо за гаранциите за јазикот и идентитетот.
За новиот договор со Бугарија.
За новата преговарачка рамка.
И Преспа останува.
Северна, исто така.
И Охрид.
Како ќе ја развиваме новата свесност на граѓаните во присуство на Филипче и Заев и нивната јахта.
На Тричковски кој мрази сѐ што е македонско, освен Моника Белучи.
Вмро е калап во кој се влева мизантропската плазма.
Во сите опортуни идиоми таа беснее против наметнувањето на коегзистенција со кој било. Самото постоење на вмро е сигурен знак за мозонтија: непријателство кон светот и кон сѐ што постои.
Надвор од вмро!
Јас мислам дека треба да се покрене кампања за освестување на граѓаните на Македонија, посебно на Македонците, за тоа за какво говно се залепиле и му дозволиле да ги води.
Тоа, па сѐ друго, оти сѐ другото е невозможно без тоа.