ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Народната банка наскоро со мерки за олеснување на условите за кредитирање на оние кои првпат купуваат стан, најави Славески

August 26, 2025 13:00
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.

– Релативно готови сме со мерките со коишто ќе ги олесниме условите за оние кои по првпат купуваат стан за живеење, а значително ќе ги затегнеме критериумите со соработка со банките за купување на стан инвестиција кој нема да служи за живеење. Ова што се случува на пазарот на станови во Репубика Македонија посебно во неколку градови, најмногу во главниот град, ги става во многу незавидна ситуација младите брачни парови или самци кои сакаат да го решат станбеното прашање затоа што цените се премногу високи од аспект на заработката. Ние не сакаме овој тренд да продолжи и мислам дека како Народна банка имаме инструменти со кои тоа ќе го постигнеме, изјави денеска гувернерот на Народната банка Трајко Славевски.

Вели дека се во контакт со банките и дека добиени се нивните предлози од кои дел се прифатени. Во однос на мерките, гувернерот не откри детали освен што на новинарско прашање рече дека повеќе е за поврат на данокот на додадена вредност на лицата кои за првпат купуваат стан.

Смета дека враќањето на данокот од пет на 18 проценти, не би било во колизија со овие мерки. – Ќе има приспособување, изјави Славески.

Според него, секаде во светот постои јасна дистинкција меѓу кредитирањето на објекти за живеење и објекти како инвестиција, а и лицата кои земаат кредит за да го решат станбеното прашање се со многу помал ризик од аспект на сервисирање на кредитот.

– Лицата кои позајмуваат пари од банките за објекти во кои живеат се со многу помал ризик од аспект на сервисирање на кредитот односно ако сте го ставиле под хипотека живеалиштето едноставно ќе настојувате да се вклопите во рамки на своите доходи за да не се доведете во ситуација да доцните со кредитот и не дај Боже да мора да го отстапите станот доколку не може да го плаќате кредитот, истакна Славески.

Гувернерот со апел и до банките – изјавите што ги потпишуваат кредитобарателите да не бидат само формалност.

– Имаме податок дека кај околу 73 проценти од становите кои се купени на кредит, во изјавите стои дека се наменети за живеење, но тоа никој не го проверува. Никој не проверува дали е променета адресата на живеење и.т.н. Во многу држави во светот банките ги следат кредитобарателите дали го промениле живеалиштето и доколку се утврди дека е дадена лажна изјава дека ќе живеат во станот којшто го купувате на кредит, тоа се смета за тешка измама и банката има право веднаш да побара да го вратат кредитот или да го намали рокот на отплата на кредитот на помалку години, изјави Славевски.

Директорот на Агенцијата за катастар Иван Живковски, со кого денеска гувернерот имаше средба, најавува дека до крајот на септември би требало да биде готов и регистарот на цени за закупнини којшто неколку години не функционира.

– Од страна на претходниот директор регистарот на цени бил запрен во целост. Ние повторно го започнавме, во моментот ги работиме извештаите, но се јавува еден технички проблем којшто никој не можел да го предвиди, а тоа е дека регистарот се базира врз основа на оние податоци што ние ги добиваме од нотарите врз основа на склучени главни договори за купопродажба. Меѓутоа, главните договори за купопродажба основата ја влечат од преддоговорите коишто биле склучени 2021 – 2022 година и разликата во цените што моментално се нудат на пазарот се многу поразлични од оние со коишто ние работиме, изјави Живковски.

Во моментот, како што соопшти, се работи на нова платформа за да може да се издвојат договорите од преддоговорите.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: кредитНардона БанкаСлавескистанови
Next Post
Генерирано со ВИ

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk