Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ, д-р Александар Трајановски, преку видео објава на социјалните мрежи ја претстави својата визија за општината.
View this post on Instagram
„Аеродром го гледам како општина каде децата растат безгрижно и безбедно. Каде маалата се чисти, осветлени и полни со живот. Аеродром е симбол на спортот, културата и знаењето,“ порача Трајановски.
Тој додаде дека само заеднички може да се изгради подобра иднина за сите жители на општината.
„Ајде заедно да го направиме Аеродром домот каде што сакаме да останеме и да живееме подобро!“, истакна кандидатот на СДСМ.