Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, во објава на социјалните мрежи се пофали дека во неговиот тим меѓу неколкумина професионалци бил и Гоце Станковски, кој своевремено како раководител во Министерството за транспорт и врски беше уапсен, обвинет и осуден за примање поткуп.
Во 2009 година Станковски за поткуп од 9.000 евра доби две и пол години затвор. Министер тогаш беше Миле Јанакиески, а Станковски му ветил на Скопјанец сообраќајно решение за дозвола на бензинска пумпа на патот Скопје – Велес.

