ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Нема учебници, не работи е-дневник, Јаневска и Мицкоски излажаа, реагираат од СДСМ

September 4, 2025 13:34
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Образованието и учениците денеска во Македонија денеска ја плаќаат цената на неспособноста на  министерката Весна Јаневска. Тотален хаос во образованието на почеток на учебната година особено со учебниците, се наведува во соопштението на СДСМ од прес-конференцијата на Јованче Манасков.

„Иако Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ ветуваа дека сите деца ќе имаат нови учебници, вистината е поразителна, Мицкоски и Јаневска излажаа.

Недостасуваат многу учебници, учениците воопшто немаат учебници за голем број предмети, а и тие што ги има се искинати, распарталени или половични.

Нема учебник по математика за 8 мо одделение, во голем дел на училиштата се поделени само дел, некои деца добија некои не, мора да ги делат.

Историја учебик за 8 мо исто така нема, па на Вибер е споделен електронски учебникот за да си го принтаат родителите.

Фалат учебници и по хемија и физика, нема учебници ниту по странски јазици, а состојбата во стручните училишта е уште полоша.

Ниту во средните училишта нема учебници, особено за прва година.

Речиси по сите стручни предмети нема учебници, управно процесно, правно и државно уредување.

Учебници има само од прво до трето одделение, а за останатите ученици е тотален хаос. За четврто и петто одделние речиси и да нема учебници.

Јаневска тврдеше дека секое дете ќе добие нов учебник, а ниту тоа ветување не е исполнето.

Јаневска го претстави новиот е-дневник како „унапреден систем со вештачка интелигенција“. А во реалноста пораз, системот е блокиран.

Наставниците не можат да работат, системот блокира, не снима податоци и не прифаќа информации.

Стариот е-дневник е затворен, а никој не знае каде завршиле податоците на учениците.

Поголем дел од наставниците сè уште немаат пристап, а учебната година веќе започна.

Наместо да се обучат наставниците, тие се оставени сами да се снаоѓаат во целосен дигитален хаос.

Во исто време, наставниците во повеќе региони седат дома без плата и без часови, бидејќи министерката не успеала навреме да ги потпише согласностите. Тоа е директен удар и врз наставниците и врз учениците.

Ова не е „унапредување“, ова е деградација на образованието и понижување на наставничката професија.

За овој хаос одговорноста е кај министерката Весна Јаневска која треба да замине од оваа позиција за да се спаси образовниот процес.

Доста е со експерименти на грбот на децата. Образованието не смее да биде заложник на популизмот и неспособноста на Весна Јаневска“, истакна Манасков.

Next Post

Петровска: Законот е јасен, АНБ ги декласифицира документите

НАЈНОВО

Венс: Разоружувањето на Хамас и обновата на Појасот Газа се многу тешки задачи

October 22, 2025

„На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

October 22, 2025

Грција со 16,7 милијарди евра приходи од туризам до август, раст од 12%

October 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ацо Лукароски. Фото: лична архива

    Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Врисокот на Кочани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk