ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Али и Мали

September 10, 2025 13:20
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Да се подготвиме за новата свадбарска фотографија на Али Ахмети и Мали Мицкоски.

Пишува: АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ

ВМРО- ДПМНЕ дојде на власт врз основа на две ветувања. Прво, дека ќе го поништи “штетниот” Преспански договор, со што ќе го врати името Република Македонија. И второ, дека ќе ги апси фунционерите од ДУИ, при што ќе го превоспита Али Ахмети, праќајки го во опозиција, во затвор и во историја.

Јасно, тоа беше наративот на опозиционерот Мицкоски, кој не само што добро знаеше дека се тоа тешки лаги, туку и добро излажа. Откако дојде на власт, “опозиционерот Мицкоски” експресно беше заменет со “премиерот Мицкоски”. Сосема друг човек, поинаков, со целосно променети ставови. Да не го препознаеш. Не само што не ги исполни стожерните ветувања, туку од првиот ден почна истите да ги погазува.

За да влезе во Влада, прво во Собранието без проблем си ги потпиша сите документи со Северна Македонија, а првиот закон кој новото парламентарно мнозинство го донесе беше изгласан токму со поддршка на озлогласениот ДУИ.

Силниот патриот преку ноќ се претвори со прагматичен и “конструктивен” политичар. На владините соопштенија толку ревносно го употребува терминот “Северна”, што многумина мислат дека он го потпишал договорот во Преспа. Се сеќавате, секако, на онаа негова фамозна опозициска изјава: “Ако бидам премиер, никогаш нема да кажам Северна – нека ми го одземат мандатот“.

Се разбира, ништо од таа заклетва !!!

И така, преку ноќ, Преспанскиот, од предавнички, стана договор кој е ремек дело, а новото уставно име стана забетонирано, односно Заветно.

Но, како и во поговорката за лоповот, така и оној што лаже, не може да застане на “еднаш”.

Јавноста, особено онаа излажаната, набрзо ќе биде сведок дека пред нејзини очи се случува бесрамно прекршување и на второто ветување. Мицкоски подолг период го моли “превоспитаниот” Ахмети да влезе во владата! Не важат повеќе гордите патриотски говори од славните опозициски денови во кои ќе им одржеше леција, ќе ги модернизираше и декриминализираше своите довчерашни соработници од ДУИ.

Преговорите меѓу двете партии не само што се водат интензивно, туку се во завршна фаза. Сериозни извори тврдат дека е веќе е договорено предвремените парламентарни извори да се одржат во април идната година.

За жал, ова не е првоаприлска шега, а дека тоа е така, може да ви го потврдат преговарачите. Од една страна министерката која ја направи, нели, Македонија една од трите најдобри економии во Европа, како и пратеникот кој покажа дека собраниската плата е бајаги поголема од урнисаната семејна кошничка. Од друга страна, омилениот интегративец на груевистите, кои се враќа на голема врата преку, за него, добро позната врата во Белата палата.

Патем, ДУИ веќе доминира во преговорите, бидејќи не успеа молењете на Мицкоски новата патриотска колиција да се случи веднаш по локалните избори, без таквиот старо-нов брак да биде заверен пред гласачите.

А да, ги (под)заборавивме ВЛЕН и ЗНАМ. Тие ќе си останат со прстот во уста, исто како и изневерените гласачи.

Како и да е, тој што лаже и кој на таков начин дошол на власт, е мал политичар и уште помал човек.

Да се подготвиме за новата свадбарска фотографија на Али Ахмети и Мали Мицкоски.

Али и Мали.


Текстот е личен став на Авторот
Next Post

Владата најавува реконструкција на „Македониум“, обезбедени 2,5 милиони денари за првична заштита

Shortcut

Најново

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026
ВИ

САД и Иран постигнаа договор што треба да стави крај на конфликтот, паѓа цената на нафтата

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk