Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Од владата продолжува да чури.
Трубаревски чад со тешки метали на лесната измама.
Кога гори Минчев тоа е како да гори Бопал.
Гигантски чекори!
Ренесанса!
Втори или трети во Европа!
Плати што луѓето не стигнуваат да ги потрошат!
Завчера се регистрирани нови количества кадмиум, сто пати над дозволеното ниво, смртоносно за секој минимум разумен човек.
Осмооделенец, на пример.
Ќе ја обучувале јавната администрација.
Да биде двигател на патот кон Европа.
Односно на Европа кон Македонија.
Мицкоски ќе го минира тој пат, а административците ќе трчаат преку тоа поле и со своите тела ќе го деминираат.
Каква претстава.
Кој ќе ја обучува?
Минчев, ако во меѓувреме не изгори во тој пожар од сто и една приказна или не умре од прејадување.
И за што ќе ја обучуваат, освен за трчање преку минското поле меѓу Брисел и вмро?
Да ги почитуваат законите?
Да ги почитуваат правата на граѓаните?
Да не прават дискриминација?
Да се во процес на перманентно учење и збогатување на знаењето?
Да ги почитуваат фактите во своите анализи, извештаи, заклучоци и препораки?
Да не се роднини или партиски другари на премиерот или секретарот?
Ако е тоа проектот тоа значи дека сиромашките административци ќе ги учат да се однесуваат сосема спротивно од тоа како се однесуваат нивните шефови на чело со врховниот шеф над сите шефови.
Па како тоа?
Што може да научи една вморонска глиста која станала шеф на некој отсек само затоа што била на некој митинг и викала Миц Па Миц Ко Миц Ко!
Седум осмини се такви глисти.
Некои се останати и од претходните власти, се разбира.
Тие се трајно онеспособени за прием на нови знаења.
Такви излегуваат од партиските лаборатории на вмро, од неговите унии за кретени и кретенки кај што демагошкиот вениш им ги чисти сите флеки на здравиот разум врз мозокот.
Не можете во фолклорно политичко окружување во кое доминира доминацијата, просташтвото, беззаконието, неморалот и користољубието, да обучувате европска администрација.
Од нацијата на која и ги ампутиравте двете нозе да правите болтови.
Тоа е како во кафез со хиени да ја обучувате Маја Плисецкаја.
Европска обука им е потребна на Христијан и Гога, на пратениците, на целата влада, на нацијата, но за обука на такви фигури нема учители во цела Европа.
Зошто Македонците го мразат прогресот?
Духовниот прогрес?
Макс Морис напишал дека “цефалоподите имаат повеќе причини да го мразат прогресот од четвороножците.”
Ако не се Македонци, велам јас.
И мислам на четвороножците, нормално.
Тоа е така затоа што прогресот е напорен.
Претпоставувам.
Македонците претпочитаат да им се препуштаат на чувствата.
Тука се комoтни, но се одлепени од реалноста.
Пол Реверди рекол дека реално не е само она што може да се спознае со сетилата, туку пред се тоа што е резултат на “зовриениот допир на духот со стварноста”.
Духот избегнува и се трга пред лажливото влијание на чувствата.
Таму каде што чувствата доминираат стварноста се повлекува, исчезнува.
Како кај нас.
Нема дух- нема стварност.
Каков „зовриен допир”, какви бакрачи.
Има само чувства кои се оформуваат преку инструментите на пропагандата. Односно средствата за миење на мозоците.
Чувствата се оружја во двобоите околу вистината.
Но, вистината е флуиден свет.
Тоа што е денеска вистина, утре може да биде лага.
А и лагата може да биде претставена како вистина.
Во Македонија се живее во свет кој не е реален и не е вистинит.
Стварноста му е одземена на Македонецот.
А и тој се има откажано од неа претпочитувајки го царството на чувствата.
Но најважно е дека стварноста стана недопирлива и неосвоива, несовладлива за Македонецот бидејки тој дозволи да го обездуховат.
Сега е како магаре кое под камшикот на дресерот, во кафезот наречен “Македонија”, скока низ запалените обрачи.
Во празна сала.
Оти, кого го боли курот за егзибициите на едно магаре.
Целокупната политика на вмро никогаш не била ништо друго освен свирење на харфата од македонски синапси.
Производство и манипулација со чувствата.
Со злосторнички намери.
Балканска Газа.
Без бомби.
Со културоцид кој на крајот ќе заврши во културолошки геноцид.
Со убивање на духот, на културата, образованието, институциите…
Лотремон би се заложил за закон за прекин на развојот на градите кај возрасните вморони чија склоност кон растење не е во врска со количествата на молекули кои нивниот организам ги апсорбира.
Потпишувам!





