ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трамп го поврза аутизмот со парацетамолот и вакцините, и покрај недостигот на научни докази

September 23, 2025 08:58
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: генерирано со ВИ

Фото: генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп го поврза аутизмот со земањето на аналгетикoт „Тajленол“ за време на бременоста и со вакцинацијата во детството, и покрај фактот што таквите тврдења немаат научна поткрепа.

Трамп им порача на бремените жени да не користат лекови чија активна состојка е парацетамол, а на родителите да избегнуваат да им даваат вакцини на своите деца истовремено или прерано.Трамп објави дека Администрацијата за храна и лекови на САД (FDA) ќе ги извести лекарите дека употребата на ацетаминофен (парацетамол) за време на бременоста „може да биде поврзана со значително зголемен ризик од аутизам кај бебиња“.

„Тajленол“ е еден од најпознатите брендови во САД што содржи ацетаминофен (парацетамол се користи во Европа).

„Тие силно препорачуваат жените да ја ограничат употребата на „Тajленол“ за време на бременоста, освен ако не е медицински неопходно, како на пример при екстремно висока температура“, рече Трамп.
Меѓутоа, експертите истакнуваат дека аутизмот има повеќе причини и дека научните докази за врската помеѓу употребата на Тиленол за време на бременоста и аутизмот сè уште не се конечни, јави Си-Ен-Ен.

Трамп го објави тоа од Овалната соба, на прес од околу еден час во присуство на секретарот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор, комесарот на FDA, д-р Марти Макари, директорот на Националните институти за здравство, д-р Џеј Батачарја, и директорот на Центрите за Медикер и Медикејд, д-р Мехмет Оз.

Тој рече дека претходно имало еден случај на аутизам на 20.000 родени бебиња, но дека стапката на аутизам се зголемила за 400 проценти од 2000 година.

„Наместо да ги напаѓаме оние што поставуваат прашања, сите треба да им бидеме благодарни на оние што се обидуваат да најдат одговори на оваа сложена ситуација“, рече Трамп.

Тој изјави дека слушнал дека групи како Амишите, кои не земаат лекови и не примаат вакцини, немаат ниту еден случај на аутизам. Додаде дека и во Куба – „Постојат гласини – и не знам дали е така или не – дека на Куба немаат „Тајленол“ затоа што немаат пари за него. И практично немаат аутизам“, рече Трамп од Белата куќа

Американскиот претседател рече дека затоа тие силно препорачуваат жените да ја ограничат употребата на „Тајленол“ за време на бременоста, освен ако не е медицински неопходно.

„Тоа е, на пример, во случаи на многу висока температура кога чувствувате дека не можете да ја поднесете, тогаш ќе мора да земате „Тајленол“, но многу умерено. Треската е многу опасна и – тоа треба да биде одлука на лекар, бидејќи не мислам дека треба да земате. И не треба да ја земате во текот на целата бременост, а воопшто да не ја земате кон крајот на бременоста. И не треба да му давате „Тајленол“ на детето кога ќе се роди или секојпат кога ќе прими инекција“, рече тој.

Трамп, исто така, рече дека „вакцина треба да се дава во помали дози и почесто“.

Тој рече дека во текот на животот во САД „луѓето примаат околу 80 различни вакцини во мешавини“. Тие веруваат, додава тој, дека индивидуалните вакцини треба да се одделат и дека нема причина да им се дава на бебињата вакцина против хепатитис Б, што се пренесува сексуално.

Си-Ен-Ен потсети дека таа стратегија доведе до речиси искоренување на инфекцијата со хепатитис Б кај децата.

Американскиот секретар за здравство, Роберт Ф. Кенеди, изјави дека им наложил на Министерството за здравство и хуманитарните служби да започнат голем мултиагенциски напор за идентификување на сите причини за аутизам, вклучувајќи токсични и фармацевтски експозиции.

„ФДА реагира на клиничките и лабораториските студии кои укажуваат на потенцијална поврзаност помеѓу употребата на парацетамол за време на бременоста и негативните невролошки исходи, вклучувајќи ги и подоцнежните дијагнози на ADHD и аутизам. Научниците предложија биолошки механизми што ја поврзуваат пренаталната изложеност на парацетамол со променетиот развој на мозокот. Исто така, анализиравме контрастни студии што не покажуваат таква поврзаност“, рече тој.

Тој најави еден вид кампања за подигање на свеста за ризиците од употреба на парацетамол за време на бременоста.

„ФДА, исто така, признава дека парацетамолот е често единственото средство за намалување на треската и ублажување на болката во бременоста, бидејќи другите алтернативи имаат добро документирани несакани ефекти. Затоа, HHS сака да ги охрабри лекарите да ја користат својата најдобра проценка кога даваат парацетамол за треска и болка во бременоста, препишувајќи ја најниската ефективна доза за најкраток можен период и само кога е неопходен третман“, рече Кенеди.

Тој рече дека ќе се започне со дополнителни истражувања.

„Покрај можната поврзаност на парацетамолот со аутизмот кај бремени жени, бебиња и мали деца, нашето истражување покажа дека недостатокот на фолна киселина во мозокот на детето може да доведе до аутизам. Исто така, идентификувавме ветувачка терапија што би можела да им помогне на голем број деца кои страдаат од аутизам. Во стручната литература, која пропрегледано, беше документирано дека до 60 проценти од децата со нарушување на аутистичниот спектар и недостаток на фолна киселина можат да имаат подобрена вербална комуникација ако им се даде Лукаворин“, рече тој.

Кенеди истакна дека аутизмот е комплексно нарушување со повеќе причини.

„Продолжуваме да истражуваме мноштво можни причини, без никакви табуа. Една област што ја разгледуваме внимателно, како што спомена претседателот, се вакцините. Околу 40 до 70 проценти од мајките кои имаат деца со аутизам веруваат дека нивното дете било оштетено од вакцина.

Претседателот Трамп верува дека треба да ги слушаме овие мајки, наместо да ги исмејуваме и маргинализираме како што правеа претходните администрации. Некои од нашите пријатели сакаат да кажат дека на сите жени треба да им се верува, а поединци меѓу нив молчеа и ги демонизираа тие мајки три децении“, рече Кенеди.

Тој додаде дека бидејќи „истражувањето за можната врска помеѓу аутизмот и вакцините беше активно потиснато во минатото, ќе биде потребно време научниците да пристапат кон оваа тема искрено и објективно“.

Научниците предупредуваат дека не постои причинско-последична врска помеѓу парацетамолот и аутизмот. Студија од 2024 година на 2,5 милиони деца во Шведска не пронајде никаква врска, додека прегледот од 2025 година на 46 претходни студии сугерираше одредени ризици, но нема докази дека лекот предизвикува нарушувања. Експертите им препорачуваат на бремените жени да продолжат да го користат парацетамолот по потреба, во најниската ефикасна доза и што е можно пократко време.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: вакцинипарацетамолТрамп
Next Post

Нафтата во ЈСП доволна само за денеска, Советот на Град Скопје не заседава

НАЈНОВО

Движењето „Ниту една повеќе“ одржа протест пред Собрание

September 25, 2025

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција која ќе ги штити македонските национални интереси

September 25, 2025

СДСМ ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии

September 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Група од 25 водечки тенисери во светот бараат поголем „колач“ од Гренд слем турнирите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Цистерна се запали откако излетала од патот Гевгелија – Богданци, пожарот изгаснат, сообраќајот е во прекин

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ во ОН изјави дека Косово е „неразделен дел од Србија“ и дека се води „лажна кампања“ против Србија и Република Српска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драстично зголемување на буџетското ограничување во Ф1: 215 милиони долари од 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гледа крајот, а се гледа и можен почеток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk