ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025 17:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска беше на промоција на изборната програма на кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, истакна дека таа носи визија за поинакво Скопје, град што ќе работи за граѓаните, а не за партиите и нивните интереси.

„Гледаме како оние што четири години го држеа градот во заложништво сега се обидуваат да се претстават како спасители. ВМРО-ДПМНЕ ја избра Арсовска, ја контролираше, па ја блокираше и го остави градот да потоне во ѓубре. Скопје не беше жртва само на една неспособна градоначалничка, туку на една партиска одлука“, рече претседателот на СДСМ, Филипче.

Тој остро се осврна на последните четири години, кои според него биле изгубени за Скопје и за чиј хаос има име и презиме како што треба да има одговорноста, а не само извинување.

„Зошто дозволивте 4 години да се гушиме? Зашто го блокиравте градот? Механизација, автобуси, превоз, пожарникари. Зашто правевте инает во градот? За да ја потиштите градоначалничката што сами ја избравте. Па одговорноста има име и презиме. И таа не се избегнува со нови постери и со дефокусирачки пораки. Граѓаните се сведоци на ова. Вистинскиот екоцид не е само во отпад. Туку во политиката, што се водеше со калкулации, со уцени и со исклучиво партиски интерес.  Ние ќе покажаме дека може поинаку. Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, потенцираше тој.

За против кандидатите Филипче рече дека Шукова има целосен легитимитет да ја побара довербата од граѓаните за тоа што од една страна има кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на највалканата општина. Од друга страна е т.н. независен кандидат поврзан со фирми кои го бетонираа Скопје.

„За да ја потиштите градоначалничката што сами ја избравте. Па одговорноста има име и презиме.

Се бориш со луѓе и против кандидати во споредба со кои мислам дека имаш инает и многу легитимитет и кредибилитет да излезеш пред граѓаните и да бараш довербата.

Имаш против кандидат од ВМРО-ДПМНЕ кој е градоначалник на највалканата општина во Скопје.

На најзапуштената општина во Скопје. Ниту едно остварено големо ветување од изборите минатиот циклус на избори. И сега ја бара довербата да биде градоначалник на цело Скопје. Ако во 72 часа се доволни да се исчисти градот зошто дозволивте 4 години да се гушиме. Зашто го блокиравте? Механизација, автобуси, превоз, пожарникари? Зашто правевте инает во градот? И имаш против кандидат така наречен независен. Чијашто фирма на факултет прави проекти за големите компании, кој што градат низ цел град, кој што го транзицираат Скопје. Па нека ни каже Билјана Ивановска дали има конфликт на интерес да се декларира како независен? Граѓаните заслужуваат чесен избор, а тоа е Каја Шукова“.

Притоа тој потенцираше дека СДСМ и Каја Шукова можат повеќе и поинаку.

„Ќе покажаме дека постои политика што не почнува и не завршува со прес конференција. Политика што не се плаши од работа. Каја Шукова има јасна визија за Скопје и да ја ќе ја спроведе. А ние сме тука да ја подржиме, не со зборови. Туку со цел тим, со цела платформа и со целата одговорност“, потенцираше Филипче на презентација на програмата на кандидатката за градоначалник на Град Скопје Каја Шукова.

Next Post

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk