ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025 17:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, порача дека почнува нова изборна кампања и таа не треба да биде театар на празни ветувања, туку дека мандатот на градоначалниците е договор со граѓаните.

Мицкоски нагласи дека очекувањата секогаш се високи и оти народот очекува подобар живот, сигурност, правдина и перспектива.

-Но во суштина, тој очекува нешто уште подлабоко, достоинство и човечност. Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, таа треба да биде мост меѓу вистината и надежта, да ја покаже искрената намера, а не да замаглува со излузии. Таа е момент на убедување, но момент на огледало. Таму се гледа и народот и човекот кој се кандидира, меѓутоа и нивната меѓусебна искреност. Очекувањата се секогаш високи. Народот очекува подобар живот, сигурност, правдина и перспективност. Но, во суштина тој очекува нешто уште подлабоко: достоинственост и човечност, да не биде излажан, да не биде третиран, како средство, туку за цел чија благосостојба мора да се работи одговорно и мојот однос во политика бил секогаш искрен и со чест кон работите, потенцира Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, укажа и кои се обврски ги презема Владата кои се спроведуваат континуирано.

-Прво, борбата против корупцијата. Нема напредок без чесност. Нема правда без одговорност. Корупцијата е данок врз сиромашните – и мора да ја искорениме. Ќе биде или правда и ред, или нема да ја биде државата! Или корумпираните политичари, мафијаши или Македонија! Ние ќе бидеме во први редови на страната на Македонија и нејзините граѓани! И тоа ќе го видите! Второ, животниот стандард на граѓаните. Нашата должност е да создадеме услови за достоинствен живот, повисоки плати, пристоен живот за пензионерите, стабилни цени, поддршка за семејствата. Во услови на сериозни економски проблеми, инфлација која и во светот тешко може да се смири, ние имаме одговорност и обврска да донесеме мерки и чекори кои ќе бидат од корист за граѓаните и кои ќе го зголемат и подобрат нивниот стандард, изјави Мицкоски.

Според Мицкоски, не се застанува тука, со засилена динамика продолжуваат сите реформи во сите области.

-Да бидеме со народот, но и да бидеме водени од неговата волја и неговата болка за која мора да помогнеме. Да бидеме човек кој знае дека моќта е минлива, но делото и доблеста остануваат. И во животот е многу важно да се направи вистинскиот избор. Животот се состои впрочем од правење избори. Денес, не бараме аплауз за ветувањата, туку доверба за работа. Зашто вистинската награда не е во аплаузите, туку во животот што ќе го направиме подобар.  И кога ќе дојде денот на одлука, и ќе стоиш со пенкалото во рака пред ливчето, ќе знаеш дека одговорот го носиш во себе. Во срцето. Во погледот. Во улицата. Во промената што веќе почна, рече Мицкоски.

Забележа дека градоначалниците кои во изминатите четири години ги менаџираа општините, а се од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имале опструкции на тогашната централна власт

-Во изминативе 4 години, од кои цели три години беа со жесток отпор и кочница од централната власт, заедно градоначаниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изградија и реконструира улици, булевари, патишта во вкупна должина од над 770 километри во вкупна вредност од околу 100 милиони евра. Направени се речиси 47 километри нови водоводи, изградени се канализации од должина од речиси од 91 километар. Изградени или во завршна фаза на градење се 7 пазари од затворен тип, 12 пречистителни станици, рече  Мицкоски.

Мицкоски посочи дека во делот на образованието реконструирани и модернизирани се повеќе од  400 училишта и дека се потавени фотоволтаици на поголем број на училиштата.

-За учениците обезбедена е бесплатна храна за децата од 1 до 5 одделение и обезбедено е бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства во голем број на општини, со доградба и реконструкција на училиштатата се воведе и еднодневна сменска настава. Реконструирани и модернизирани се повеќе 70 детски градинки, а новоизградени се неколку десетици градинки за оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари. Завршени или во завршна фаза се 274 спортски игралишта или детски рекреативни терени, вели Мицкоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

НАЈНОВО

Мемиши учествуваше на „Денот на гравот“ во Теарце: Оваа организација е доказ за соживот – ја надминува и етничката граница!

September 27, 2025

Мицкоски до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања

September 27, 2025

Филипче: Скопјани не го прифаќаат извинувањето на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокираше градот

September 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Нема да дозволам црвените линии на СДСМ да се контури на ново предавство во иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Политиката како диверзија или диверзијата маскирана во политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Секојдневен хаос на „Фрањо Клуз“ во Аеродром – улицата заробена од несовесно паркирање, властите не реагираат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициските униформи без двојазичност – уставна и политичка бомба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мицкоски за Лукароски: Сотир ми е другар од детство и нема да ги изневери карпошани.

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk