Скопје – град партнер и поддршка на лицата со инвалидитет! Денес заедно со идниот градоначалник на Аеродром, Дејан Митески, пратеничката Катерина Димитровска и носителот на листата за советници во Аеродром, Елена Тренчевска, остваривме искрена и топла средба со Здружението на лица со телесен инвалидитет „Мобилност“ од Скопје, наведува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски во објавата на Фејсбук.
„Грижата за лицата со попреченост за мене е човечка и морална должност, а потоа и обврска како градоначалник. Таа грижа е високо на мојата листа на приоритети, бидејќи едно општество вреди онолку колку што се грижи за оние на кои поддршката им е најпотребна. Како градска власт, ќе направиме сѐ за да обезбедиме подобар живот, еднаков третман и целосна социјална и образовна инклузија.
Во мојата програма предвидени се конкретни мерки за подобрување на условите за лицата со попреченост, но и покренување на поширока иницијатива, заедно со сите градоначалници да поставиме пристапни рампи и решенија кои ќе овозможат еднаков пристап за секој граѓанин.
Скопје мора да биде град на еднакви можности, град во кој никој нема да биде изоставен.
Затоа што силата на еден град се гледа во неговата хуманост“, истакнува Ѓорѓиевски.