Автомобилските гуми „Пирели синтурато сл сизон СФ-3“ го освоија првото место на две независни тестирања, спроведени од германското списание „Ауто билд“ и страницата „Тајр ривјус“.
Имајќи ја предвид големата побарувачка и технолошкиот напредок, модерните пневматици за сите сезони сѐ повеќе ги достигнуваат конвенционалните летни и зимски гуми. Предноста е очигледна: Нема сезонско менување гуми, нема трошоци за складирање итн. Но, дали овој акт функционира и во спортската големина „225/40 Р-18“, што ја користат, на пр. „Фолксваген голф ГТИ“, „Бе-ем-ве М-135“ и „Ауди С-3“?
Во текот на септември, „Ауто билд“ – едно од најугледните списанија во Европа, спроведе споредба на 15 пневматици за сите сезони во наведената големина, купени директно од пазарот. Тестот ги оцени перформансите во различни услови, како што се сув пат, влажен и снег, па италијанската „Пирели СФ-3“ за сите сезони го освои првото место.
На снег, оваа гума покажува сигурно прилепување и кратки растојанија на сопирање; на дожд, се истакнува со висока отпорност и стабилно управување на влажни патишта; и на суви патишта се одликува со прецизно управување. На овој начин, „Пирели“ комбинира високи безбедносни својства со динамични перформанси што особено ќе им се допаднат на возачите на спортски компактни автомобили, се вели во извештајот.
Истовремено, и „Тајр ривјус“ го оцени „СФ-3“ како најдобра од девет гуми за сите сезони, тестирани за 2025 – 26. Тестирањата вклучуваа 15 тестови на суво, влажно и снежно време, во коишто „Пирели“ за сите сезони се истакна во отпорноста на сопирање, управување и возење по вода, а покажа и ниски нивоа на бучава.