Пливачкиот клуб Нови Сад (PKNS) во новата сезона доби големо засилување. По завршувањето на преодниот рок, во првиот тим се приклучи македонскиот репрезентативец Никола Ѓуретановиќ, наведуваат во објава на социјалните мрежи од PKNS.
Оттаму истакнуваат дека Ѓуретановиќ доаѓа од скопскиот клуб „Вардар 2018“ и е учесник на Олимписките игри во Париз, како и повеќекратен рекордер на Северна Македонија.
Тој ќе настапува под водство на тренерот Ѓорѓе Агбаба, а од клубот му посакаа добредојде и изразија надеж дека ќе донесе нова енергија и успеси во наредната сезона.
Пливачкиот клуб Нови Сад е еден од најголемите и најуспешни пливачки клубови во Србија со над 700 активни членови.
Редакција Фронтлајн