Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белата куќа пред неколку моменти, објави Скај њуз.
Тој беше пречекан од американскиот претседател Доналд Трамп, со кого позираше пред камерите.
Трамп пред средбата вели дека ќе разговара со Украинецот за вчерашниот телефонски разговор со Владимир Путин. „Мислам дека постигнуваме голем напредок“, вели Трамп. „Денес ќе разговараме за тоа. Ќе разговараме за тоа што се случи вчера по телефон со претседателот Путин. Мислам дека работите одат прилично добро. Започна со Алјаска, каде што, мислам, беа дискутирани одредени правци на размислување. И сакаме да видиме дали можеме да го постигнеме тоа.“