ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Грчката Влада нема да дозволи Светиот оган од Ерусалим да се носи од дом во дом

Од грчкото министерство за цивилна заштита имаат разбирање за желбата на верниците да бидат дел од празнувањето на Велигден, но колективната безбедност е најважна и затоа Светиот оган нема да шета од дом во дом.

April 9, 2020 15:19
in ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Светиот оган од Ерусалим и покрај пандемијата ќе пристигне во Грција, ќе се достави на целата територија, но нема да биде дозволено да се носи од дом во дом, како што планираа и најавија градоначалници од неколку грчки општини, јави дописничката на МИА од Атина.

Со оглед на тоа дека црквите во Грција, за Велигден ќе бидат затворени за верниците, градоначалникот на атинската општина Аргируполи – Елинико, најави дека со помош на волонтери и со испорачувачи Светиот оган, кусо пред Воскресението, ќе биде доставен до сите жители на општината. Набргу со исти најави излегоа и други градоначалници, но, оваа идеја не наиде на одобрување од грчката власт.

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас рече дека иако целосно ја разбираат чувствителноста и подготвеноста за помош на оваа иницијатива, сепак, не можеме да се дозволи такво нешто.

-Оваа иницијатива, колку и да е одраз на длабоката внатрешна потреба на сите нас, постои опасност да даде погрешна порака и пример. Постои реална опасност, доколку и други општини преземат исти иницијативи, стотици па дури и илјадници граѓани, вработени или волонтери од општините, да се движат по улиците низ целата земја за да го достават Светиот оган до секој граѓанин и на овој начин ќе ги поништат напорите на сите нас и нашиот заеднички облог за останување дома, рече Хардаљас.

За конкретната тема разговарал со Централната унија на општините во Грција и го информирал дека сите општини треба да се воздржат од такви иницијативи, кои владата нема да ги дозволи.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, на денешниот брифинг со новинарите рече дека е обезбедено пренесувањето на Светиот оган од Ерусалим во Грција, како и доставување низ целата територија на земјата.

Next Post

Костова: Мизерна е таа лакомост на религиозните лидери, кои наместо да проповедаат мир, пропагираат угнетување на маргинализираните

Shortcut

Најново

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk