ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

„Ел Класико“ денеска во Мадрид: 262-та пресметка меѓу Реал и Барселона

October 26, 2025 09:58
in ДЕНЕС, СПОРТ
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Десетото коло од Ла Лига ја носи големата пресметка во шпанскиот фудбал популарниот „Ел Класико“. Реал Мадрид ја пречекува Барселона на „Сантијаго Бернабе“. Ова се очекува да биде повеќе од натпревар, како што било и досега. Денешниот дуел на големите ривали е вкупно 262.натпревар во сите конкуренции или 191.дуел во првенство.

Реал Мадрид по ерата на Карло Анчелоти сега на клупата е предводен од Чаби Алонсо, за кого ќе биде прв дерби дуел против Барселона како тренер. Тој за денешниот дуел нема да може да смета на повредените Давид Алаба и Антонио Рудигер.

На спротивната клупа е Ханси Флик, кој пак ќе има проблеми со најдобриот состав бидејќи неколку играчи се на списокот на повредени: Марк Андре Тер Штеген, Рафиња, Дани Олмо, Роберт Левандовски, Гави, Гарсија.

На досегашните 261 натпревар Реал Мадрид има 105 победи, а Барселона 104 со 52 нерешени натпревари. Двата тима имаат одиграно 190 првенствени натпревари со скор 79:76 за „кралскиот клуб“ и 35 нерешени. Последните четири меѓусебни дуели во сите натпреварувања завршија со победа на Барселона.

Најмногу натпревари на „Ел Класико“ има одиграно играчот на Барселона Серхио Бускетс – 48 (29 првенствени), а следуваат Серхио Рамос и Лионел Меси со по 45. Инаку, Меси со 26 голови во сите натпреварувања е најдобар стрелец.

Денешниот натпревар е воедно дуел на првиот на табелата Реал Мадрид против втората Барселона. „Кралскиот клуб“ е лидер со 24 бодови, додека „каталонците“ имаат 22.

Првиот натпревар Реал Мадрид и Барселона го имаат одиграно на 13.мај 1902 година, а последниот беше на 11.мај 2025 и заврши со победа од 4:3 за Барселона.

Почетокот на денешното „Ел Класико“ е во 16:15 часот.

Next Post
Фото: Скриншот. Јутјуб видео од Белата куќа

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

Shortcut

Најново

Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

„12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

September 26, 2026

Денови на германскиот јазик 2026 во Северна Македонија

September 26, 2026

ХЕРА: Светски ден на контрацепција – „Избор без бариери“ – но изборот не е реалност за сите

September 26, 2026
Кијив, 25 септември 2026 (фото: ДСНС)

Во Кијив загина 14-годишно момче, погодена клиника во Запорижја, Зеленски во ОН го нарече Путин „нулти пациент“ на војната

September 25, 2026
Никола Спасов

Нема добар ПР за лоша политика

September 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk