ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

October 28, 2025 12:49
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Лукоил, еден од најголемите руски производители на нафта, соопшти дека планира да ги продаде своите странски средства по новите американски санкции насочени кон компанијата и нејзините подружници. Од подружницата во Северна Македонија -молк.

„ПЈД Лукоил информира дека поради воведувањето рестриктивни мерки против компанијата и нејзините подружници од страна на некои држави, компанијата ја објавува својата намера да ги продаде своите меѓународни средства“, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница од Лукоил.

Компанијата додава дека во моментов ги разгледува понудите од потенцијални купувачи.

„Продажбата на средствата се спроведува според лиценцата за намалување на капиталот од страна на ОФАЦ. Доколку е потребно, компанијата планира да поднесе барање за продолжување на лиценцата за да обезбеди непречено работење на своите меѓународни средства“.

Неодамнешните американски санкции, објавени на 22 октомври, по пропаѓањето на подготовките за самит на високо ниво помеѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта, се насочени кон двете најголеми руски нафтени компании – Роснефт и Лукоил – заедно со десетици нивни подружници, ефикасно замрзнувајќи ги сите средства на тие компании со седиште во САД.

Санкциите, исто така, овозможуваат секундарни казни против странски институции кои работат со трансакции со оние на црната листа.

Роснефт и Лукоил се столбови на руската економија. Заедно, тие сочинуваат речиси половина од извозот на сурова нафта во земјата, околу 3,1 милиони барели дневно, според руските проценки. Како најголема приватна енергетска компанија во земјата, Лукоил учествува со околу 15% во националното производство и 2% во глобалното производство.

Но, она што најмногу ги засега граѓаните на Северна Македонија, а за кое ЦИВИЛ Медиа веќе пишуваше, е статусот на подружницата на Лукоил во северна Македонија, неговото раборење во земјава и импликациите врз финансискиот и енергетскиот сектор, иако во штурото соопштението од матичната компанијана не се наведува кои сé подружници ќе бидат опфатени, додека претходно, на списокот на американското Министерството за финансии на подружниците што потпаѓаат под санкции не се наоѓаше компанијата „Лукоил Македонија“

Продарбата на подружниците и санкциите објавени претходно од САД, всушност не се прва закана за руските нафени гиганти и нивното опстојување на овие простори, каде Лукоил е сопственик на бугарската рафинерија Лукоил-Нефтехим, додека Лукоил Македонија ДОО, кој располага со ланец бензински пумпи во Северна Македонија е во сопственост на Литаско.

Како што претходно објави ЦИВИЛ Медиа, во септември Германија и Франција поведоа иницијатива за вклучување на рускиот нафтен гигант Лукоил под нова рунда европски санкции поради војната на Кремљ во Украина, како дел од политиката на зголемување на притисокот врз Москва откако Русија ги блокираше мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп.

Берлин и Париз предлагаат да ја стават на црната листа приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, објавија дипломати кои побараа анонимност.

Двете страни, исто така, се залагаат за санкции врз рафинериите од трети земји вклучени во извозот на руска нафта во ЕУ и врз трговските фирми кои се занимаваат со руска нафта, изјавија дипломати.

Редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, уште во септември, по објавување на текстот, сметајќи дека ова прашање е од голема важност за социјално-економските движења во земјата, во неколку наврати преку електронска пошта се обрати до Лукоил Македонија и до  Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија да одговорат на прашањето за иницијативата на Германија и Франција за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско и за последиците кои би произлегле од прифаќањето на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз економијата на Северна Македонија?

Без малку 2 месеца подоцна, на поставеното прашање, сега дополнително обременето со нови санкции од САД за руските нафтени гиганти со подружници во Северна Македонија, до редакцијата сé уште нема пристигнато одговори на поставеното прашање од ниту еден од субјектите до кои се обративме.

За разлика од кај нас, во соседна Бугарија, премиерот на земјата Росен Железков пред самитот на лидерите на Европската унија во Брисел изјави дека тамошната влада има рок до 21 ноември да одлучи за иднината на рафинеријата Лукоил Нефтехим во Бургас.

За новонастанатата ситуација со санкциите, реагираше и Бугарската национална банка (BNB) која соопшти дека ги проценува можните ефекти од американските санкции врз домашниот финансиски систем. Засега, според неа, не се идентификувани кредитни ризици што би ја загрозиле финансиската стабилност.

ЦИВИЛ Медиа уште еднаш ги повикува Лукоил Македонија и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ) на Северна Македонија да одговорат на поставеното прашање во интерес на навремено информирање на граѓаните:

Дали се запознаени со иницијативата на Германија и Франција  за ставање на црната листа на приватната нафтена компанија Лукоил и нејзината трговска подружница Литаско, како дел од идниот 19-ти пакет санкции кон Москва, и какви последици би имало евентуалното прифаќање на иницијативата врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз економијата на Северна Македонија, сега и во ново светло со објавувањето на санкциите на САД за руските нафтени компании Роснефт и Лукоил?

Дополнително, редакцијата го прошири списокот на институции до кои упати прашање за можните импликации на воведувањето санкции врз рускитете нафтени гиганти врз работењето на подружницата на Лукоил во земјава и со самото тоа врз финансиското работење, енергетикскиот сектор и економијата на Северна Македонија, со испраќање на прашање по електроска пошта до Народна банка, Влада на РСМ и Минитерството за енергетика.

До редакцијата сé уште нема пристигнато одговор на поставените прашања од ниту еден од субјектите до кои се обративме. Истите ќе бидат објавени доколку пристигнат.

Со прашање за понатамошните чекори по најавените санкции и продажна на подружниците на Лукоил во странство, се обративме и до Македонско-Руската стопанска комора кoja во земјава егзистира под мотото: „Мост за стопанско поврзување на Република Македонија и Руската Федерација“ и се претставува како доверлив партнер на полето на соработка со Руската Федерација и е партнер со Стопанската комора на РФ, како и на повеќе регионални руски комори: Московската, Санкт Петербуршката, Ленинградската регионална стопанска комора, Ростовската, Самарската, Липецката, Вороњешката, Вологодската како и комората на Сочи.

Од таму ни одговорија дека соопштението го виделе преку медиумите и истото е објавено на официјалната веб страна на компанијата Лукоил, и дека не можат да коментираат во моментов, се додека за тоа не се издаде официјално соопштение за состојбата и понатамошните планови од страна на Лукоил Македонија.
Во однос на тоа какви последици би имало, сметаме дека и Вам и на пошироката јавност и е повеќе од јасно, дека доколку компанијата престане со работа, во Македонија ќе останат околу 550 лица без работа, буџетот ќе биде пократок за сериозна сума на средства кои се плаќаат од страна на Лукоил Македонија по основ на даноци и други давачки (досега платени повеќе од 850 милиони евра). На потрошувачите ќе им биде скратена можноста за точење на високо квалитетни горива, кои секако влијаат и на екологијата во нашата земја. А секако ќе се изгуби сериозен партнер во областа на енергенсите, партнер кој е докажан пријател на сите граѓани и потрошувачи во Македонија. Да не заборавиме дека Лукоил Македонија, со својот авангарден пристап и своето know-how придонесе до промена и развој во својата индустрија и ги поттикна на инвестиции и квалитет и своите конкуренти, се вели во одговорот од Македонско-Руската стопанска комора .

Драган Мишев во соработка со Тимот на ЦИВИЛ за мониторинг на хибридни закани (ЦХТМ – CIVIL Hybrid Threats Monitoring Team)

Преземено: Цивил Медиа

Next Post
Фото: Скриншот

Деми Мур: Том Круз се чувствуваше „помалку непријатно“ поради мојата бременост за време на снимањето на A Few Good Men

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk