ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Левица: Ако победи Амар, Орце вети дека ВМРО – ДПМНЕ нема да го блокира Советот на Град Скопје

October 29, 2025 10:37
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синоќешната дебата на Канал 5 телевизија, во која за првпат по повеќе од две децении, наместо вообичаениот политички дуел меѓу СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, се соочија кандидатите на Левица, Амар Мециновиќ и на ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, ќе остане запаметена по тоа што Ѓорѓиевски, во одговор на прашање упатено од Мециновиќ, јавно призна дека хаосот во Скопје е настанат токму заради нивното досегашно блокирање на градот, пишува во денешното соопштение на Левица.

„Јас сметам дека не е фер што медиумите кои се блиски до вашата партија, ревносно ја туркаат приказната дека Скопје повторно ќе биде блокирано и нема да функционира, дека ќе се случи нова Данела ако победи Амар Мециновиќ. Дали вие пред граѓаните на Република Македонија и Скопје можете да кажете дека доколку демократскиот процес нѐ доведе до моја евентуална победа, дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивно за јавниот интерес на граѓаните и нема да го блокира градот?“

„Кој и да победи ќе биде конструктивен и ВМРО да победи ќе биде конструктивно“, рече Ѓорѓиевски со што ја поби реториката на сопствената партија, која со наратив дека доколку не биде избран нејзиниот кандидат, Скопје ќе продолжи да биде блокирано и нефункционално, ги наведува гласачите да гласаат за нивниот кандидат.

Дебатата во фокусот на вниманието го стави и прашањето за политичката пресвртница, која после децении бипартизам, има нов сооднос на силите, кој не е случаен туку произлегува од континуираниот пад на излезноста заради недовербата на гласачите дека со својот глас можат нешто да променат. Но, сега и на гласачите им станува јасно дека појавата на Амар Мециновиќ е феномен кој ја нарушува старата двопартиска рамнотежа.

„Сега имаме други околности, втор круг каде што за прв пат нема да се ВМРО и СДСМ, туку имаме натпревар меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Левица, и сметам дека со самото тоа што ги живееме првите денови од оваа нова политичка реалност во Македонија, многу граѓани ќе се охрабрат и допрва ќе излезат во вториот круг“, рече Мециновиќ, реплицирајќи му на Ѓорѓиевски, кој кажа дека не победил во првиот круг од изборите само заради ниската излезност.

Мециновиќ додаде дека народот не е деполитизиран, туку индиферентен, бидејќи не верува дека може да се дојде до вистинска промена. Малата излезност, според него е генерално продукт на тоа што граѓаните сметаат дека не можат да делуваат со своето гласачко право кое го имаат но, исто така кажа и дека верува дека вториот круг од изборите отвора нова политичка реалност во Македонија.

Во емисијата Ѓорѓиевски, кој претходно не се согласи на дуел на ТВ Телма, а кој Мециновиќ го прифати, јавно го промени својот став и го прифати соочувањето во четврток, со што се отвори можност за поконструктивна дебата во пресрет на вториот круг од изборите.

Во останатиот дел од дебатата кандидатите се осврнаа на градскиот превоз, решавање на проблемот со ѓубрето и загадувањето во Скопје и дивоградбите.

„Вие говорите за дивоградби, а се сликате со кралот на дивоградбите, Изет Меџити. Вашиот премиер вика дека вашата визија не е да рушите дивоградби, туку да градите“, рече Мециновиќ.

Една од најострите критики што тој ги упати беше поврзана со хигиената и чистотата во Скопје, тема која повторно се актуализира во текот на кампањата. „Спектакл е вие да чекате да дојдат избори, за да чистите ѓубре. Четири години не ви беа под ингеренција контејнерите! Но кога дојде Скопскиот маратон, тогаш можеше да бидеш ‘градоначалник на Град Скопје’. Така сега со Лабудовиќ снимате рилови во центар дека собирате ѓубре“, рече Мециновиќ, алудирајќи на кампањските активности на Ѓорѓиевски неколку дена пред изборите.

За загадувањето, кое е еден од најгорливите проблеми на Скопје, Мециновиќ рече дека тоа е прашање на политичка волја и дека е време да се престане со префрлање на вината врз граѓаните.

Дуелот меѓу двајцата кандидати симболично го потврди крајот на долгогодишниот монопол и навести промена на политичката клима во земјава. За првпат наспроти ВМРО не стои старата опозиција, туку нов глас на генерацијата израсната надвор од двопартиското милје.

Tags: Амар МециновиќЛевицаСкопје
Next Post
Фудбалски стадион на Јувентус

Лучијано Спалети ќе го преземе Јувентус

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk