ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Брисел со најцрн дневен биланс, Токио ги засилува мерките.

April 10, 2020 16:05
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.626.096 лица заразени со новиот корона вирус. Од нив починати се 97.331, а оздравеле 366.499 луѓе.

Белград – Во Србија има 238 новозаразени од корона вирус, 2.107 се хоспитализирани, а на респиратор се 136. Уште петмина се починати, со што вкупниот број достигна 71.

Загреб – Во Хрватска во последните 24 часа регистрирани се 88 новозаболени од корона вирус и сега вкупниот број изнесува 1.495. Хоспитализирани се 343 лица, 34 пациенти се на респиратор, а 21 лице почина.

Берн – Швајцарија забележува зголемување на бројот на жртви од корона вирус, така што моментално има 805, соопшти Министерството за здравство на земјата. Вчера биле регистрирани 756 починати како последица на овој вирус. Исто така, бројот на заразени пациенти се зголеми на 24.308, додека претходниот ден беше 23.574, додаде Министерството.

Лондон – Британскиот лекар Абдул Мабуд Чаудури, кој јавно го предупреди премиерот Борис Џонсон за недостиг од заштитна опрема за медицинските работници, почина од вирусот Ковид-19.

Брисел – Во Белгија од корона вирус за еден ден починаа 325 лица, најмногу до сега, соопшти Министерството за здравство, наведувајќи дека вкупно има 3.019 починати. За последните 24 часа, регистрирани се 1.648 новозаразени, а просечниот број нови случаи дневно е од 1.000 до 1.700 заразени.

Амстердам – Бројот на заразени од корона вирус во Холандија денеска се зголеми за 1.335, така што вкупниот број изнесува 23.097. Починати се вкупно 2.511 лица, соопшти Националниот институт за јавно здравје.

Токио – Градските власти на Токио побараа поостри рестриктивни мерки и наредија затворање на голем број продавници и ресторани, додека од поранешната јапонска престолнина Кјото е упатен апел до туристите да не доаѓаат поради епидемијата.

Сиднеј – Министерот за култура на Нов Јужен Велс, Дон Харвин денеска поднесе оставка, откко беше откриено дека заминал во неговата викендичка покрај море и покрај забраната за патување, освен во случај на вонредна состојба.

Next Post

Прашања и одговори со експерти: Како психолошки да го победиме корона вирусот

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk