Доколку утрово имате проблеми со најавувањето на услугите на Microsoft, не сте сами, известува TechRadar.
Во текот на вчерашниот ден и во текот на ноќта се случи голем прекин на платформите на овој глобален технолошки гигант, кога проблемите со Azure ги соборија услугите на Microsoft 365. Дури и Minecraft и Xbox беа погодени и имаат долги прекини.
Прекините сè уште траат, така што пристапот кон сервисите, вклучително и електронската пошта на корисниците се недостапни или се соочуваат со тешкотии.

„Работиме на решавање на проблемот што влијае на Azure Front Door, а кој влијае на достапноста на некои услуги“, изјави портпаролот на Microsoft по е-пошта за CNBC. „Клиентите треба да продолжат да ги проверуваат своите известувања за состојбата на услугата, а најновите информации за овој проблем може да се најдат на страницата за статус на Azure.“

Alaska Airlines во средата попладне соопшти дека во моментов „доживува прекин на клучните системи“, вклучително и веб-страниците, поради прекинот на Azure, каде што се хостирани неколку услуги на Alaska и Hawaiian Airlines.
Во меѓувреме, новинската агенција Reuters објави дека инцидентот – кој траеше 8 часа – е надминат, според изјавите од компанијата, но дека еден дел од корисниците сè уште се соочуваат со проблеми.
ТФ





