Тинејџерот во редовите на лондонски Арсенал, Макс Даумен, испиша историја во Лигата на шампиони, станувајќи најмладиот фудбалер кој настапил во елитното европско клупско натпреварување.
Петнаесетгодишниот Даумен влезе на теренот на вчерашниот натпревар против Славија Прага во 72 минута, со што младиот талент стана најмладиот фудбалер во историјата на Лигата на шампиони.
Со 15 години и 308 дена, Даумен ги надмина претходните рекордери, Јусуф Мукоко од Борусија Дортмунд (16 години и 16 денови) и Ламин Јамал (16 години и 68 денови).
Даумен, кој е во Арсенал од својата петта година, неодамна стана и најмладиот стартер во историјата на лондонскиот премиерлигаш, настапувајќи во англискиот Лига куп на возраст од 15 години и 302 денови.





