Прекинато водоснабдување од 9 часот до завршување со работните активности ќе имаат улиците „Метохиска“, „Јован Хаџи Шишко“ и „Гарсија Лорка“.
Воедно, поради уличен дефект на улица „Прашка“ бр.50, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците од истоимената улица од 9 часот до завршување на санацијата на дефектот.





