ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ почнува на 19 ноември во Идризово

November 12, 2025 12:31
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а беа повредени околу 200, ќе започне на 19 ноември во судницата на КПУ Идризово. Случајот опфаќа 38 обвинети – 35 физички и три правни лица. Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Надлежните упатија апел до медиумите и јавноста за достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во постапката.

На денешниот брифингот со новинарите што се одржа во судницата во Идризово, претседателката на Основниот кривичен суд, Даниела Димовска, истакна дека судот ќе ги обезбеди сите неопходни услови за фер и транспарентна постапка, со апел за почит и достоинство кон сите страни, особено кон жртвите и нивните семејства. Таа нагласи дека судот е исправен пред голема задача и дека е важно да не се подлегнува на сензационализам.

-Во постапката се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, во два предмети за кои сè уште нема одлука за спојување. Се преземаат безбедносни мерки, а побарана е и лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување, рече Димовска.

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски информираше дека обвинителството е целосно подготвено, со проширен тим од 15 обвинители, со цел да не се дозволи одложување на рочиштата. Тој рече дека доказниот материјал е обемен, но нагласи дека постапката ќе биде ефикасна и фер.

-Јавното обвинителство ќе преземе сѐ во рамки на своја надлежност и нема да дозволиме ниту едно рочиште да биде одложено по вина на обвинителството и затоа донесовме одлука за проширување на обвинителскиот тим, сега, можеби бројот ќе достигне до 15 јавни обвинители со овластувања да постапуваат по предметот. Тоа не значи дека сите постојано ќе бидат во судница. Ќе бидат присутни на првото рочиште, а потоа согласно динамиката ќе бидат присутни тимови на конкретни рочишта, појасни Коцевски.

Претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, повика на дисциплина и професионалност од страна на адвокатите, со цел да се овозможи непречено одвивање на процесот и заштита на правата на оштетените.

Со оглед на чувствителноста на случајот и бројот на оштетени – над 200 – надлежните упатија апел до медиумите и јавноста да се воздржат од сензационализам и да известуваат со сензибилитет и почит кон жртвите и нивните семејства.

Помеѓу обвинетите кои се товарат за тешки дела против општата сигурност се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници.

Tags: ПулссудењеТРАГЕДИЈА
Next Post
Фото: Влада РСМ

Муцунски: Потпишана спогодба за отворање на претставништво на ЕИБ во Скопје, од независноста досега Банката инвестирала над 1,6 милијарди евра во клучни сектори

НАЈНОВО

ВИ

Нов силен земјотрес го погоди Кипар, втор потрес од над 5 степени за пет часа

November 12, 2025

Алиу: Министерство за здравство е посветено темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита

November 12, 2025

Евростат: Просечната плата во ЕУ порасна за 5,2%, најниска во регионот е во Бугарија

November 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Димковски: Изјавата на Мицкоски дека лично барал запирање е доказ за непознавање на системот на ИПАРД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Диди се лекува од дрога и работи во капела во федералниот затвор „Форт Дикс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската сенка врз Балканот – хибридна војна преку криминални мрежи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Мичио Каку за 3I/ATLAS: Не е вонземски вселенски брод, туку древна комета стара 7 милијарди години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што треба да се случи за пожарникарите го добијат тоа што одамна им следува?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk