ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Буџет со повеќе прашања отколку решенија

November 14, 2025 08:04
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Иако Владата го претстави Предлог-буџетот за 2026 година како чекор кон фискална стабилизација и поефикасно управување со јавните пари, економските аналитичари предупредуваат дека документот и понатаму носи сериозни ризици и структурни слабости.

Според анализата на независниот економски институт Finance Think, повеќе клучни сегменти од буџетот се засноваат на нереални проекции, недоволна транспарентност и декларативни реформи кои не се поткрепени со конкретни механизми за реализација.

Нереални приходи и ризичен раст на расходите

Проекцијата за раст на буџетските приходи од 12,1 проценти се смета за нереална, бидејќи за првите девет месеци од 2025 година приходите се остварени само со 67 проценти. „Со оваа динамика тешко може да се очекува дека идната година ќе се достигнат проектираните бројки,“ стои во коментарот на Finance Think.

Дополнително, растот на платите и пензиите — со 7 и 9,7 проценти — според економистите може да создаде нови инфлаторни притисоци, бидејќи не е проследен со соодветен раст на продуктивноста и економската вредност. „Таквите политики ја одржуваат ‘лепливоста’ на инфлацијата и го ослабуваат ефектот на монетарната рестрикција,“ се вели во извештајот.

Слабости во борбата со сивата економија

Буџетот повторно го спомнува прашањето на сивата економија, но без системски пристап за нејзино намалување. Мерките се ограничени на административна дигитализација и воведување на е-фактури, без конкретни индикатори или институционална рамка за следење на резултатите.
„Борбата против сивата економија и натаму се третира претежно како фискално, а не како структурно прашање, што го намалува потенцијалот за трајни резултати,“ забележуваат аналитичарите.

Јавната администрација – голема и неефикасна

Буџетот предвидува зголемување на трошоците за плати во јавниот сектор на над 52 милијарди денари, без стратегија за оптимизација или функционална анализа на администрацијата. Иако се најавуваат нови вработувања, не се наведуваат критериуми за тоа каде постои реална потреба и како тие ќе придонесат за повисока продуктивност.

„Јавната администрација останува голем и скап, но не и реформски насочен сегмент,“ се наведува во коментарот. Таквиот пристап создава постојан фискален притисок без пропорционално подобрување на квалитетот на јавните услуги.

Игнорирани долгови и неизмирени обврски

Меѓу најсериозните забелешки е игнорирањето на веќе доспеаните, но неизмирени обврски на буџетските корисници – особено во здравството, општините и јавните претпријатија. Finance Think предупредува дека со тоа се создава „вештачка“ рамнотежа, додека реално постои ризик од ликвидносен притисок во текот на годината.

Недостасува и транспарентност во однос на вкупните износи на овие обврски, што ја намалува веродостојноста на планираната фискална консолидација и реалната проценка на буџетскиот простор.

Филипче: Македонија е на дното во регионот

Критики за економската состојба и за новиот буџет изнесе и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој на прес-конференција оцени дека државата се наоѓа на дното во регионот според сите клучни економски параметри.

„Ние сме со најмала минимална и просечна плата во регионот, највисока инфлација од 4,5 проценти и најнизок проектиран економски раст според Светската банка. Тој раст, кој е целосно изеден од инфлацијата, покажува дека оваа влада не носи во економски амбис,“ изјави Филипче.

Тој додаде дека граѓаните секојдневно го чувствуваат ефектот на лошите политики на власта, кои се гледаат и во новиот буџет што треба да биде презентиран во Собранието. „Буџетот е потрошувачки, а не развоен. Големиот дефицит од 3,5 проценти од БДП, кој патем е незаконски, и приходите кои очигледно се проектирани само за пополнување на дефицитот, не создаваат никакви предуслови за раст и развој,“ рече Филипче.

„Нема ставка во буџетот која укажува дека постојат инвестиции во капитални проекти, во нешто што ќе носи дополнителен економски раст и развој на државата,“ додаде тој.

Иако Предлог-буџетот за 2026 година претставува умерен напредок во однос на претходните години, аналитичарите и опозицијата предупредуваат дека без суштински реформи, реална транспарентност и вложување во продуктивни сектори, државата ризикува да остане во застој со висока инфлација, ниски плати и бавен економски раст.

Дестан Јонузи

Tags: Буџет 2025ВладаМинистерство за економијаМинистерство за финансииопозицијаСобрание
Next Post

Прекин на водоснабдувањето на улиците „Дижонска“ и „Коста Абрашевиќ“ и Гинекологија Чаир

НАЈНОВО

ВЛЕН: Започнува новата економска ера, минималната плата оди на 26.400 денари

November 14, 2025
ВИ

САД му одобрија на Тајван продажба на делови за борбени авиони во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025

14 Ноември – Светски ден на дијабетесот

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сонот за Тоше се претвори во импресивен витраж на Гумење во Крушево

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk