ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

14 Ноември – Светски ден на дијабетесот

November 14, 2025 11:11
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

14 Ноемви, Светскиот ден на дијабетес (WDD) кој од 1991 година се одбележува ширум светот на предлог на Меѓународната федрација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (WHO), а како одговор на зголемената загриженост и ескалацијата врз здравствената закана што ја носи дијабетесот. Се одбележува токму на овој датум – 14 ноември, кога е роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 година.

Светскиот ден на дијабетес (WDD) стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации. Секоја година.

WDD е најголемата светска кампања за подигање на свесноста за дијабетесот која допира до глобалната публика. Овој ден го привлекува вниманието на сите теми и прашања кои се од огромно значење пред се за луѓето кои живеат со оваа состојба, а потоа цврсто се задржува во центарот на вниманието на јавноста и на политиката. Двигатели се афектираните, лицата со дијабетес, а со нив се јавноста и здравствените власти. Самиот ден, 14

Ноември, е двигател за промовирање на важноста од преземање координирани и усогласени активности за соочување со дијабетесот како критично глобално здравствено прашање.

Aнализа на најновото 11-то издание од Меѓународната Федерација за дијабетес на Глобалниот Дијабетес Атлас (2025) – Глобална и регионална слика

Клучните наоди од IDF Diabetes Atlas, 11-то издание (2025)

Глобална и регионална слика

Единаесеттото издание на IDF Diabetes Atlas (Диjабетес Аталас на Меѓународната Дијабетес Федерација)  потврдува дека дијабетесот останува едно од најбрзорастечките здравствени хронични незаразни болести и состојби на 21-виот век. Во 2024 година, се проценува дека 589 милиони возрасни (20–79 години) живееле со дијабетес на глобално ниво – околу 11,1% од светската возрасна популација во оваа старосна група. Проекциите укажуваат дека до 2050 година оваа бројка ќе достигне околу 853 милиони (13%), поттикната главно од пораст на населението, стареењето и урбанизацијата, особено во земјите со низок и среден приход.

  1. Глобален товар, потреби и загуби, морталитет и економско влијание

Во Атласот особено се истакнува големата преваленца (опфат) на болеста, како и постоењето на значителен „скриен“ товар, но и потреби за конторла на оваа незаразна глобална пандемија:

Околу 43% од сите возрасни со дијабетес не се дијагностицирани, а мнозинство од нив имаат тип 2. Тоа значи дека околу 252 милиони луѓе живеат со дијабетес без да го знаат тоа, пропуштајќи ја можноста за рана интервенција и превенција од компликации. На глобално ниво, со висок ризик за развој на дијабетес во 2024 година засегнат е огромен број од популацијата:

    • 635 милиони возрасни имаат нарушена толеранција на гликоза
    • 488 милиони имаат нарушена гликемија на гладно

И двете состојби се блиско поврзани, високопрогресивно водејќи кон развој  на дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести и други компликации од дијабетесот. Со хипергликемија (покачено ниво на шеќер во крвта) во бременост засегнати се околу 1 од 5 родилки.

Дијабетесот е водечка причина за предвремена смрт и голем поттикнувач на здравствените трошоци. Во 2024 година, дијабетесот е одговорен за повеќе од 3,4 милиони смртни случаи кај возрасни од 20–79 години, што претставува околу 9,3% од сите глобални смртни случаи. Директните здравствени трошоци за дијабетес за прв пат го надминаа прагот од 1 трилион американски долари во 2024 година. Ова претставува приближно 12% од вкупната глобална здравствена потрошувачка, што укажува дека грижата за дијабетес „апсорбира“ значителен дел од здравствените буџети. Овие проценки не ги опфаќаат загубите од продуктивност, неправилна грижа или пошироките социјални трошоци, што значи дека вистинскиот општествен товар е уште поголем.

  • Тип 1 дијабетес и старосна структура

Глобалниот Атлас за дијабетес во неговото 11-то издание посветува значително поголемо внимание отколку претходно на тип 1 дијабетес во сите возрасни групи. Глобално, се проценува дека 9,1–9,5 милиони луѓе живеат со тип 1 дијабетес во 2024 година, од кои околу 1,9 милиони се деца и адолесценти под 20 години. Спротивно на општо прифатеното мислење, поголемиот дел од луѓето со тип 1 дијабетес (околу 69%) се возрасни на возраст од 20–59 години, а не деца. Во Европа има најголем процент на лица со тип 1 дијабетес – околу 2,7 милиони, што го одразува високото преживување и подобриот пристап до инсулин и грижа.

  • Регионални нагласоци

Дијабетесот се зголемува во сите IDF региони, но динамиката значително варира:

  • Африка (AFR): Очекуван пораст од 142% во бројот на лица со дијабетес до 2050 година (од 25 на 60 милиони) – најголемиот релативен пораст.
  • Западен Пацифик (WP): Моментално има околу 215 милиони возрасни со дијабетес – повеќе од една третина од сите глобални случаи. Само Кина сочинува еден од четворица возрасни со дијабетес во светот.
  • Блиски Исток и Северна Африка (MENA): Приближно 1 од 6 возрасни има дијабетес (85 милиони луѓе), највисока регионална преваленца. Проекциите покажуваат пораст од 92% до 2050 година.
  • Европа (EUR): Има околу 65,6 милиони случаи во 2024 година, со проекција од 72,4 милиони до 2050 година – најмал релативен, но значаен апсолутен пораст.
  • Северна Америка и Карибите (NAC): Имаат највисоки здравствени расходи поврзани со дијабетес (439 милијарди USD) – 43% од глобалната потрошувачка за дијабетес.

Во сите региони, Атласот нагласува дека мнозинството нови случаи и најголемиот пораст до 2050 година ќе се случат во земјите со низок и среден приход, каде здравствените системи се најмалку подготвени да одговорат на хроничните болести.

  • Клучни импликации

Дијабетес Атласнот на Меѓународната федерација за дијабетес е поставен како истражувачка и адвокатска алатка што обезбедува споредливи податоци за 215 земји и територии, со нова онлајн платформа преку која може да се преземат национални и регионални профили, фактографски податоци и презентации за поддршка на здравствените политики. Собраните наоди истакнати во 11-тото изданиеа на Дијабетес Атласот упатуваат на неколку приоритети:

  1. Проширување на раната детекција: Со речиси половина од луѓето со дијабетес недијагностицирани во некои региони, пристапот до скрининг и примарна здравствена заштита мора да се зајакне.
  2. Инвестирање во превенција: Високи нивоа на нарушена регулација на гликозата и хипергликемија во бременост укажуваат на итна потреба од превенција низ целиот животен циклус.
  3. Зајакнување на здравствените системи: Економскиот товар бара интегрирани и ефективни модели на грижа кои превенираат компликации наместо само да ги третираат.
  4. Заштита на ранливите групи: Деца, адолесценти, постари лица и луѓе со тип 1 дијабетес мора да имаат загарантиран пристап до инсулин, современо мониторирање и структурирана едукација.
  1. Кратка презентација на податоците за Македонија

Прегледот за сосојбите во Македонија ги комбинира проценките од IDF Atlas 2025 со националниот контекст.

  • IDF Diabetes Atlas 2025 – Македонија
  • Возрасни (20–79 години) што живеат со дијабетес:
    Приближно 141.000 лица (140,8 илјади).
    Преваленца: 8,9% од возрасните на возраст 20–79 години.
  • Компаративна (возраст-стандардизирана) преваленца:
    7,4%, што е малку под просекот на IDF Европа (8,0%).
  • Недијагностициран дијабетес:
    Околу една третина (33,5%) од возрасните со дијабетес се недијагностицирани – приближно 47.000 лица.
  • Тип 1 дијабетес (сите возрасти):
    Според IDF, во земјата живеат околу 2.292 лица со тип 1 дијабетес.
  • Здравствени расходи:
    • По лице со дијабетес: околу 953 USD годишно.
    • Вкупни годишни трошоци поврзани со дијабетес: приближно 134 милиони USD.
  • Смртност поврзана со дијабетес (20–79 години):
    Приближно 938 смртни случаи годишно се припишуваат на дијабетес.
  • Интермедиерна хипергликемија:
    Возраст-стандардизирана компаративна преваленца:

    • Нарушена толеранција на гликоза: 7,5%
    • Нарушена гликемија на гладно: 8,4%
  • Национален контекст и политичка рамка

Национални извори проценуваат дека 112.000–135.000 лица се дијагностицирани со дијабетес, вклучувајќи околу 4.000 официјално регистрирани со тип 1 дијабетес, 40.000 лица со тип 2 на инсулин и 72.000–80.000 на орална терапија.

Инсулинот е бесплатен за сите лица со дијабетес, но рефундацијата за други лекови е ограничена. Инсулински пумпи и CGM системи моментално се бесплатни само за деца и лимитиран број на лица со тип 1 дијабетес со сериозно развиени компликации како слепило, дијализа и ампутации (околу 330 корисници на инсулински пумпи и 600 корисници на CGM системи), а глукомерите и лентите се целосно рефундирани само за лица со тип 1; за лица со тип 2 на инсулин пристапот е порестриктивен.

Националната програма за дијабетес и системот за јавни набавки ги финансираат инсулинот, глукагонот, игли, ленти, пумпи и CGM сензори, со планиран буџет од околу 16,1 милиони USD за 2024 година. Но, неодамнешни проблеми со тендери доведоа до сериозни недостиги од глукомери, ленти, игли и потрошни материјали за пумпи.

  • Клучни пораки за Македонија (за презентации и адвокација)
  • Дијабетесот е значителен и растечки здравствен предизвик: приближно 1 од 11 возрасни има дијабетес, а една третина од случаите не се дијагностицирани.
  • Популацијата со тип 1 дијабетес е релативно мала, но со високи потреби
    (2.300 лица според IDF; 3.200–4.000 според национални извори), што значи дека универзален пристап до современи технологии (CGM, пумпи) е и изводлив и високо ефективен.
  • Економскиот товар е значаен: околу 134 милиони USD годишно директни здравствени трошоци, без да се пресметаат загубите од продуктивност.
  • Зајакнувањето на регистрите, пристапот до современо следење и терапија и мултидисциплинарна грижа за компликации се клучни можности за подобрување на исходите и поефикасно користење на ресурсите.
  • Активирање на Националната Стратегија за дијабетес и разгледување на можностите за нејзино надополнување, измени и апликантност за поефективна и побрза имплементација.
  • Креирање нова методологија за финансирање и буџетирање преку компаративен пример на состојбите од соседството и регионот, за да поставиме темели за пофункционален здравствен систем.

Приредилe:

Зоран Стојковски, лице со Т1Д

Наташа Д. Димитриевска, родител на дете со Т1Д

Извор: Diabetes Atlas 2025

Tags: Светскиот ден на дијабетес
Next Post
ВИ

САД му одобрија на Тајван продажба на делови за борбени авиони во вредност од 330 милиони долари

НАЈНОВО

Минималната плата да биде 600 или 700 евра: Анкета на ССМ покажува силна поддршка за итно зголемување

November 14, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски / Фронтлајн

(ВИДЕО) „Марш за ангелите“ в сабота во Скопје, родителите порачуваат: Ни треба ваша поддршка

November 14, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Астрономите пронајдоа нешто неверојатно скриено зад Плејадите

November 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дончиќ: Фокусиран сум на Лејкерс, Далас останува во моето срце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 14 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сали на чекор до „Илинденска“, реконструкцијата на Владата пред или по Нова година?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk