ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

МНТ со „Ничија земја“ гостува во Националниот театар во Будимпешта

November 19, 2025 12:23
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Фото: НУ Македонски народен театар

Фото: НУ Македонски народен театар

Share on FacebookShare on Twitter

Македонскиот народен театар (МНТ) вечер ќе гостува на сцената на престижниот национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија, со наградуваната претстава „Ничија земја“, соопшти националната установа.

– Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, што го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во Будимпешта. Веќе следната година напролет, унгарскиот Национален театар ќе возврати посета со гостување во МНТ, информираат од установата.

Кимовски во пишаната изјава потенцира дека ова е голема чест и силна потврда за квалитетот и зрелоста на нашиот ансамбл.

– Ова гостување е повеќе од еднократен културен настан и е ново поглавје во нашата меѓународна соработка. Унгарската публика ќе има можност да ја почувствува енергијата на „Ничија земја“, а ние со ист ентузијазам го очекуваме нивното гостување во Скопје, следната година. Верувам дека ова партнерство ќе прерасне во долгорочна и продуктивна размена, смета Кимовски.

Предвидено е претставата „Ничија земја“ во Будимпешта да се одигра од 19 часот, а по изведбата, да се одржи „Сесија разговори“ (Q&A) меѓу македонските актери и публиката.

Како што се додава во соопштението, за време на посетата, Кимовски ќе има и официјален прием кај директорот на „Nemzeti Színház“, Видњански, за зацврстување на понатамошната соработка и развивање нови културни проекти меѓу двете институции.

Публиката во Будимпешта ќе има можност да ја погледне претставата од Данис Тановиќ, во режија на Александар Морфов и во изведба на актерскиот ансамбл: Сашко Коцев, Тони Михајловски, Гораст Цветковски, Александар Микиќ, Борче Начев, Оливер Митковски, Софиа Насевска – Трифуновска, Александар Михајловски, Томе Станковски, Александар Ѓорѓиески, Дамјан Цветановски, Ненад Анѓелковиќ, Никола Стефанов, Стефан Спасов, Григор Јовановски, Кристина Гиева, Филип Миленкоски, Александар Ивановски и Марија Кондовска.

– Современиот театарски комплекс со кружна форма – „Nemzeti Színház“, располага со четири изведбени сцени: голема сцена со капацитет од 619 седишта, студио сцена  – флексибилен современ простор со 150 подвижни седишта, сала за помали претстави и мал интимен сценски простор. Дополнително, театарот има и отворена сцена на брегот на Дунав, што се користи за летни и специјални настани. Театарскиот комплекс е опкружен со градина и парк со скулптури, „театарски цитати“ – сценографски елементи и уметничко-просторни инсталации, инспирирани од историјата на театарот, хортикултурата и архитектурата. До влезот на театарот се пристапува преку мост, алузија на монументалните пристапи во традиционалните големи театри. Плоштадот пред главниот влез на театарот изгледа како преден дел од брод што навлегува во вештачко водно корито – симболично продолжение на Дунав. Во водата пред театарот е прикажана силуетата од старата зграда на Националниот театар. Во паркот се наоѓаат две големи просторни инсталации: лавиринт од високи живи огради и пирамидална градба – инспирирани од античките храмови и митски градби, истакнуваат од МНТ.

Tags: Будимпештаничија земја
Next Post
Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Прв бакнеж на Земјата бил пред 20 милиони години, велат научниците

Shortcut

Најново

Фрагмент од насловницата на албумот „Без никого да удриш“ (фото извор: ФБ сттаница на „Алмебик“)

Концерт, винил и документарец: Голема вечер со „Алембик“ во МКЦ

June 10, 2026

СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

June 10, 2026
Анаис хороскоп, Македонија,, Скопје - стара чаршија Скендер Бег

Дневен хороскоп со Анаис за 10 јуни 2026: Финансиска консолидација и цврсти деловни темели

June 10, 2026

НАСА го објави екипажот за историската мисија „Артемис 3“ во 2027 година

June 9, 2026

Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

June 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk