ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАНИПУЛАЦИИ ГОВОР НА ОМРАЗА

Радев со жестока реакција, државниот врв молчи – ЦИВИЛ со осуда: Нападот врз новинарот Перев е чин на омраза и удар врз демократијата

November 26, 2025 13:54
in ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Фото: ЦИВИЛ, генерирано со ВИ

Фото: ЦИВИЛ, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Крајно време е Република Северна Македонија да започне ефикасно гонење за сите напади врз Бугарите во земјата, реагира бугарскиот претседател Румен Радев по физичкиот напад во Скопје врз новинарот Владимир Перев, кој е дел од бугарската заедница во Македонија.

Според Радев, брзата и ефикасна истрага за ваквите случаи е единствениот начин земјата да напредува на европскиот пат.

„Многу јасно им кажав и на претседателот и на премиерот дека случајот со Владимир Перев е добра прилика конечно да се започне со ова, бидејќи и мотивот и сторителот се јасни“, истакна Радев.

И покрај прозивките на Радев, официјален став од претседателката Гордана Силјановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски за инцидентот засега нема.

Пензионираниот новинар и публицист Владимир Перев (80), деклариран Бугарин од Македонија, објави дека бил вербално и физички нападнат во маркет во Скопје. Според неговата колумна на „Трибуна.мк“, нападот го извршил маж на околу 40 години кој заедно со него чекал на каса.

Перев вели дека непознатиот маж почнал да му се дере со навреди „да си оди во Бугарија“, дека ќе го „убие“ ако зборува за Македонија и го нарекувал „фашист“. Напаѓачот, вели тој, го удрил и му ги скршил очилата. Откако Перев се обидел да се одбрани со чадор, напаѓачот почнал да глуми жртва, но двајца купувачи го предупредиле да престане.

Случајот го пријавил во полиција и стапил во контакт со бугарската амбасада во Скопје, од каде добил поддршка. Инцидентот го осуди и бугарското Министерство за надворешни работи, кое оцени дека нападот е „чин на насилство и омраза против Бугарите во земјата“.

„Европскиот пат на Северна Македонија бара совесно спроведување на европскиот компромис од 2022 година, вклучително и гарантирање на правата на македонските Бугари“, стои во реакцијата на МНР на Бугарија.

Македонското МНР исто така го осуди нападот, барајќи брза и транспарентна постапка за утврдување на одговорноста, објави ТВ 24.

„Насилството не е прифатлив модел за решавање на недоразбирања, независно од етничката, верската или политичката припадност. Македонија останува пример за почитување и заштита на правата и слободите на сите граѓани, вклучително и на малцинствата и на новинарите“.

Реакција стигна и од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој испрати писмо до Европскиот парламент и Европската комисија, критикувајќи ја Европа дека молчи пред нападите врз Бугарите во Северна Македонија. Тој поднесе и пријава до Окружното обвинителство во Софија.

„Бугарската држава е должна да истражува, гони и казнува злосторства против бугарски државјани извршени во странство. Затоа поднесов пријава за нападот врз Перев, извршен од национална омраза, со особена дрскост и грубо кршење на јавниот интерес“, нагласи Џамбаски.

Од МВР го потврдија настанот и информираа дека работат на целосно расветлување на случајот.

ЦИВИЛ остро го осудува физичкиот напад врз новинарот Владимир Перев, кој претставува сериозен акт на насилство и говор на омраза заснован на етничка припадност

Овој инцидент е алармантен потсетник дека во нашето општество сè уште постојат поединци кои се обидуваат да ја поткопаат демократијата, човековите права и слободата на изразување преку насилство.

ЦИВИЛ бара од МВР и надлежните институции итно, темелно и транспарентно да го истражат случајот и да обезбедат санкции за сторителите. Непостапувањето или одолговлекувањето би испратило опасна порака дека насилството врз новинари и врз припадници на заедниците може да остане неказнето.

Воедно, апелираме до политичките актери, медиумите и јавните личности да се воздржат од реторика што поттикнува омраза или создава атмосфера во која вакви напади стануваат редовна појава.

Секој напад врз новинар е напад врз слободата на медиумите, а секој напад мотивиран од етничка омраза е удар врз темелните демократски вредности!

ЦИВИЛ останува посветен на заштита на човековите права, слободата на медиумите и општеството ослободено од омраза и насилство.

Д. Муратов / Цивил Медиа

Next Post
Фото: Скриншот

Тинејџер создаде функционална роботска рака од Лего

Shortcut

Најново

Михаил Звинчук

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Звинчук и неодговорените прашања за руските мрежи на Балканот

October 11, 2026

Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

October 10, 2026
Запорижиа, 10 октомври 2026 (ДСНС)

Црн биланс од руските напади минатата ноќ во Украина: 12 загинати, меѓу нив три деца во Запорижја

October 10, 2026

Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

October 10, 2026

Дали вештачката интелигенција има права? Шефот на Microsoft AI предупредува на опасноста од создавање машини што веруваат дека се свесни

October 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мартин Тасевски

    Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Отсуство на чувството за време

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • А бе стока народ сме!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk