ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вучиќ: Немам добри вест – Русите не сакаат да продаваат, можно затворање на рафинеријата во Панчево

December 2, 2025 13:30
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека САД не донеле позитивна одлука во врска со Нафтна индустрија на Србија (НИС), што, како што предупреди, може да доведе до прекин на работата на Рафинерија Панчево, пишува Nova.rs.

По состанокот со тимовите задолжени за енергетска стабилност и безбедност, Вучиќ рече дека Србија очекувала да добие лиценца за продолжување на снабдувањето со нафта, но дека тоа не се случило.

„Што се однесува до НИС, немаме добри вести. Очекувавме лиценца за продолжување на снабдувањето на нашата рафинерија во Панчево, но одлуката не беше позитивна“, изјави Вучиќ.

Тој нагласи дека руските сопственици не сакаат да го продадат својот удел во компанијата.
„Недвосмислено е дека Русите не сакаат да продаваат, што е нивно право како сопственици, но ние имаме сериозни проблеми поради тоа. Засега најмногу ја трпи Србија, а како ќе биде понатаму – ќе видиме“, рече српскиот претседател.

Според неговите зборови, ресорната министерка ќе го информира НИС дека нема навестувања дека САД ќе издадат лиценца, што ќе значи прекин на работата на рафинеријата.
„Додека ја одржуваат таканаречената топла циркулација, дневно губат околу 370.000 евра. Наша дозвола за затворање на рафинеријата веќе е дадена, а нивна одлука е кога целосно ќе престанат со работа – денес или во наредните денови“, рече Вучиќ.

Предупредување за секундарни санкции

Вучиќ предупреди и на ризикот од секундарни санкции, наведувајќи дека секоја деловна банка што соработува со НИС може да биде санкционирана во секој момент.

„Тоа важи за секоја банка, вклучително и за Народната банка на Србија. Тоа би било катастрофално за инвестицискиот рејтинг и за целокупниот финансиски систем“, изјави тој, додавајќи дека прекинот на платниот промет би создавал огромни проблеми за компанијата.

Тој истакна дека ова не е проблем само на една компанија, туку на целата држава.
„Кога НИС ќе ги потроши оперативните резерви на пумпите, државата нема да може да доделува стоковни резерви ниту на НИС, ниту на другите поврзани компании. Затоа, деривати ќе се обезбедуваат само за оние што не припаѓаат на НИС“, рече Вучиќ.

Платниот промет обезбеден до крајот на неделата

Србија, како што објасни Вучиќ, ќе го обезбеди платниот промет за НИС до крајот на неделата, на сопствен ризик.
„Им овозможивме време да ги исплатат платите, да ги подмират обврските кон добавувачите и да ги подготват вработените за тоа што следува. Потоа ќе одлучуваме ден за ден, бидејќи не сакаме да го уништиме банкарскиот систем“, нагласи тој.

Гориво ќе има, но не и на пумпите на НИС

Вучиќ увери дека Србија располага со доволни резерви бензин, дизел и керозин најмалку до крајот на јануари, но дека граѓаните ќе мора да користат бензински пумпи што не припаѓаат на НИС.

„Околу 47 отсто од прометот на нафтени деривати досега се одвиваше преку пумпите на НИС, кои се на најдобрите локации. Имаме над 204.000 тони дизел во резерва, а 82 отсто од вкупната потрошувачка е токму дизел“, прецизираше тој.

Според Вучиќ, доколку до 15 јануари не завршат преговорите со потенцијални партнери од други земји, Србија ќе го заокружи процесот и ќе донесе конечни одлуки. Најави и дека состаноците поврзани со ова прашање ќе се одржуваат на секои два дена.

Во делот за природниот гас, српскиот претседател рече дека, доколку до петок не биде потпишан договор, Србија од понеделник ќе започне преговори со други снабдувачи и дека државата има обезбедено финансиски средства за тоа.

Tags: ВучиќнафтаНИССрбија
Next Post

„Safe City“ отвори сериозна дебата за безбедноста, слободите и демократските стандарди

Најново

Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026
Анаис. Мотив, Дојран

Дневен хороскоп со Анаис (1 мај): Процут на хармонијата и награда за балансот

April 30, 2026

Пад од 9 места за две години: Од „задоволителна“ Македонија премина во „проблематична“ зона за слобода на медиумите

April 30, 2026

Цеков ја напушти ЗНАМ и мнозинството, Филипче порача: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!

April 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk